Резултатите од изборите во Бугарија одобрени и покрај несогласувањата

16/12/2011

Пријави за бројни нарушувања и нерегуларности ги оцрнија претседателските и локалните избори во Бугарија, одржани на крајот од октомври. Но судот не најде доволно докази што би ги поткрепиле таквите тврдења.

Цеветина Борисова и Ладислав Цветков за Southeast European Times во Софија - 16.12.2011

photo

Уставниот суд ги одобри резултатите од претседателските и локалните избори во Бугарија. [Датотека]

Шест недели откако гласачите излегоа на изборите, процесот и понатаму го пратат контроверзии поради обвинувањата дека начинот на кој што се одржало гласањето на многу места влијаел врз резултатите во полза на еден или друг кандидат.

Седумдесет и еден пратеник од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), Движењето за права и слободи (ДПС) и националистичката АТАКА поднесоа барање до Уставниот суд во средината на ноември, инсистирајќи на поништување на изборот на претседателските кандидати на владејачката партија ГЕРБ, новоизбраниот претседател Росен Плевнелиев и заменик-претседателката Маргарита Попова.

Меѓу нивните аргументи беа и бројните неправилности, како на пример, бројот на гласачи лишени од законското право да гласаат поради тоа што биле погрешно вклучени во т.н. „забранет избирачки список“, како и неовластениот пристап до гласачките ливчиња.

Во средата (14. декември) судот пресуди дека претседателските избори се легитимни, со што барањето беше одбиено. Одлуката на Уставниот суд е конечна и не може да биде обжалена.

Беа оспорувани и локалните избори и начинот на кој тие беа одржани. Партијата на зелените, БСП и Партијата за народот поднесоа тужба до Управниот суд во Софија веднаш по гласањето, наведувајќи слични проблеми, како и фактот дека луѓето имале малку време да гласаат бидејќи гласачките ливчиња биле исклучително долги и сложени. Ова предизвика долги редици и спречи одреден број на луѓе да гласаат бидејќи избирачките места беа затворени.

Всушност, овој проблем ја поттикна Централната изборна комисија да го продолжи времето дозволено за гласање во првиот круг на изборите за неколку часа, потег што некои експерти подоцна го оценија како прекршување на Изборниот законик.

Еден од главните проблеми на изборите беа т.н. „забранети избирачки списоци“. Во нив беа вклучени имиња на припадници на дијаспората кои во моментов не живеат во Бугарија, како и на луѓе кои не живееле во определен град или село четири месеци пред изборите.

Пратеничката Маја Манолова од опозициската БСП тврди дека бројот на тие луѓе изнесува речиси 168.000. Владејачката партија ГЕРБ, сепак, инсистираше на тоа дека тој не е поголем од 12.000.

Измените во Изборниот законик и новите барања за гласачките процедури кои беа воведени пред изборите предизвикаа конфузија. Потоа, имаше рекордно голем број на неважечки гласачки ливчиња во првиот круг - 700 000, вклучувајќи и 228 000 гласачки ливчиња во претседателските избори. Споредбено, за време на претседателските избори во 2006. година имаше 77 000 неважечки гласачки ливчиња.

Врз основа на изборните листи, во Бугарија има малку повеќе од 6,9 милиони гласачи. Оваа бројка, исто така, беше доведувана во прашање како нереално висока. И покрај пописот на населението спроведен на почетокот на 2011. година, изборните листи никогаш не беа поправени.

Албена Нејкова, сведок во тужбата поднесена до Управниот суд во Софија и член на изборна комисија во избирачко место во главниот град, тврди дека 78 од вкупно 650 лица регистрирани во нејзиниот дел биле на „забранетиот избирачки список“. „Некои од нив беа изненадени кога дознаа дека се на него“, изјави таа за SETimes.

Нејкова, исто така, била директен сведок на постапката на предавање на гласачките ливчиња на општинската изборна комисија во Софија, која подоцна поттикна голем јавна дебата. Според неа, претставниците на сите 1.449 избирачки места во главниот град биле чувани во спортска сала цела ноќ, во услови што се далеку од нормални.

„Трибините беа полни со луѓе кои во еден момент почнаа да извикуваат во знак на протест против бавното работење. Најтешкиот дел е тоа што на никој не му беше дозволено да излегува; не смеевме дури ни да купиме јадење“, тврди таа.

Јавна тајна е дека во хаосот што настанал, многу луѓе незаконски ги изнеле кутиите со гласачките ливчиња од салата и ги однеле во своите домови, бидејќи повеќе не можеле да поднесат физички да бидат таму.

На своето последно заседавање за изборната тужба, Управниот суд во Софија ги отфрли сите аргументи на тужителите, вклучувајќи го и бараниот експертски извештај што требаше да покаже дали избирачот може да го даде заврши гласањето за 47 секунди (што е приближно времето што им беше на располагање, судејќи според бројот на лица што требаа да гласаат на едно избирачко место).

Судиите, исто така, одбија да разгледаат еден експертски извештај за дебелината на хартијата која била користена за гласачките ливчиња. Тужителите тврдеа дека хартијата била транспарентна и дека можело да се види како гласале гласачите, со што била повредена анонимноста на гласањето.

„Не можам да верувам дека тие не се согласија да разгледаат барем еден од бараните експертски извештаи“, изјави Нејкова.

Според Николај Белалов, кандидат за општински советник во Софија од БСП, кој е дел од една група што поведе посебен судски процес во Управниот суд во Софија за оспорување на изборите, нивната цел била да го натераат судот да наложи пребројување на гласовите во неколку избирачки места во главниот град, што, како што смета тој, ќе покажеше дека изборите биле фалсификувани.

Поврзани написи

Loading

„Се разбира, наша крајна цел е да донесеме уште еден претставник на БСП во советот на општината, но тоа нема да направи голема разлика; се работи за принципи“, изјави тој за SETimes.

Владејачката партија ГЕРБ, сепак, продолжува да инсистира дека проблемите во изборниот процес се должат на недостатокот на искуство во одржувањето на две гласања истовремено. Во исто време, проблемите што се појавија во првиот круг беа анализирани и избегнати во вториот круг една недела подоцна, тврди ГЕРБ.

Катја Колева, претседател на невладината организација „Институт за социјална интеграција“, смета дека нерегуларностите во последните избори претставуваат чекор назад во демократскиот развој на земјата.

„Во 1990. година, јас бев студент и бев возбудена околу промената, падот на комунизмот, надевајќи се дека ќе одиме напред. Денес јас не сум загрижена за себе, јас сум загрижена за мојата ќерка, која мора да се бори за слобода и демократија 20 години после 1990. година“, изјави таа за SETimes.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар