Maкедонската дијаспора се бори да остане во контакт

09/12/2011

Македонската дијаспора останува културно и политички поврзана со републиката, додека се шират реформите на Министерството за надворешни работи за водење на земјата.

Горан Трајков за Southeast European Times во Скопјe -- 09.12.11

photo

Според Министерството за надворешни работи, македонската дијаспора брои 900.000 луѓе. [Ројтерс]

Бранко Бакрески и Зоран Бауловски се родени Македонци, кои се преселиле во странство во потрага по подобар живот. Секој од нив внимателно ги следи политичките, културните и економските настани дома -- претежно преку македонските медиуми.

Бакрески, кој живее во Канада од 1989 година, заминал од Македонија барајќи поинаков менталитет и начин на живот. Родениот битолчанец Бауловски заминал во април 2008 година поради тешката финансиска ситуација. Тој сега живее со своето семејство во американската држава Њу Џерси.

Двајцата мажи ја посетуваат својата родна земја, но со различна зачестеност: Бакрески се враќа секое лето, а Бауловски се враќа колку што му дозволуваат финансиите.

Двајцата се сретнале со македонскиот пратеник за Америка и Канада, Павле Саздов, и ја истакнале својата желба да останат во контакт со својата родна земја.

Саздов изјави за SETimes дека припадниците на македонската дијаспора продолжуваат да се идентификуваат со својот мајчин јазик и култура, за што доказ се големиот број македонски организации кои функционираат во Северна Америка.

„Исто така, црквата има голема улога во поврзувањето на Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада“, рече Саздов. „Истата организира различни настани, па дури и учење на македонскиот јазик од младите генерации.“

Владата на премиерот Никола Груевски зазеде сосема нов пристап во работењето со Македонците во странство. Истата се фокусира на односите меѓу Македонија и нејзината дијаспора, како што е нејзиното вклучување без преседан на изборите оваа година. Според веб-страницата на македонското Министерство за надворешни работи, дијаспората ја сочинуваат нешто помалку од 900.000 граѓани низ целиот свет, со повеќе од 50 регистрирани здруженија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Борче Стамов, изјави за SETimes дека најголем дел од барањата што ги добива се однесуваат на правата за гласање, договорите за социјално осигурување за резидентните држави и издавањето патни документи.

„Република Македонија потпиша договор за социјално осигурување со Канада и Австралија“, рече Стамов. „Во иднина дијаспората ќе има целосни права за пензиско и инвалидско осигурување.“

За првпат во историјата на Македонија, оваа година дијаспората може да ги искористи гласачките права преку амбасадите и конзултатите на Републиката и да учествува во креирањето на демократијата [во] својата родна земја.

Министерството за внатрешни работи објави отворање на посебен оддел кој ќе се занимава со потребите на членовите на дијаспората, кои го поминуваат летниот одмор во Македонија. Тука тие може да ги добијат потребните документи како што се имотни листови, градежни дозволи и изводи на родени. Претходно оваа година министерството отвори специјална телефонска линија со која дијаспората може да закаже за добивање патни документи.

Но, проблеми во системот постојат, особено за Егејските Македонци кои живеат во странство. До 2005 година за да се добие државјанство беше потребно да се поднесат и да се обработат апликациите од страна на Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи.

Одобрувањето или одбивањето на секое барање беше одлучувано на посебна владина седница. Поранешниот премиер Владо Бучковски внесе измени во процесот за да можат Албанците, Турците и Србите кои потекнуваат од Македонија да добијат државјанство.

Во 2006 година Министерството за образование и наука започна иницијатива со која нуди универзитетски стипендии за студентите кои им припаѓаат на македонските малцински групи. Министерството за надворешни работи, исто така, формираше специјален сектор за документирање и поддршка на македонските национални малцинства со меѓународните институции и договори за билатерална заштита за националните малцинства.

Потоа, тука е и прашањето на инвестициите. Бауловски се надева дека ќе спечали доволно во САД за да инвестира во Македонија, а Бакрески рече дека веќе инвестира во својата татковина кога троши пари таму секое лето.

Поврзани написи

Loading

Саздов изјави за SETimes дека членовите на дијаспората кои сакаат да инвестираат се особено заинтересирани за телекомуникациите, енергијата и металите.

Maкедонскиот генерален конзул од Детроит, Игор Дукоски, изјави за SETimes дека неговата канцеларија се занимава со ваквите барања.

„Тие се посебно заинтересирани за најновите реформски мерки кои нудат даночни олеснувања за инвестирање во републиката“, рече Дукоски. „Тие, исто така, ја поздравија одлуката за избор на нивни претставник во македонското собрание.“

Од другите прашања што честопати се поставуваат се и долготрајниот спор околу името со Грција, имотните прашања и новите биометрички пасоши.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар