Денот на дрвото во Македонија ги поттикнува еколошката свест и регионалната соработка

25/11/2011

Новата иницијатива насочена кон пошумување и заштита на постојните шуми, што истовремено ги обединува и народите, брзо станува балканска практика за соработка.

Мишко Талески за Southeast European Times во Скопје - 25.11.2011

photo

Македонците го прославија Денот на дрвото со засадување на речиси шест милиони дрвца. [Мишко Талески/SETimes]

Во средата (23. ноември), граѓаните засадија речиси шест милиони дрвца на повеќе од 400 локации низ Македонија како дел од Денот на дрвото, настанот „Засади ја својата иднина“. Се проценува дека учествувале околу 250 000 луѓе на овој настан.

Меѓународно познатиот оперски пејач, Борис Трајанов, кој го воведе Денот на дрвото, за SETimes изјави дека настанот е толку популарен сега што би можел во наредните години да се претвори во паневропски, и како што се надева тој, во глобален еколошки празник.

„Овој проект ја подига свеста кај граѓаните да бидат активни во долгорочното заштитување и подобрувањето на животната средина со садење и негување на дрвја. Тој исто така ѝ овозможува на Македонија да направи симболични чекори во насока на зближување на Балканот и народите“, вели Трајанов.

Тој објасни дека оваа идеја се родила кај него откако бил сведок на катастрофалните пожари во Македонија и регионот во 2006. и 2007. година. Трогнат од апокалиптичните сцени, тој спонтано изјавил за медиумите дека треба да биде прогласен ден на жалост за десеткуваните шуми, и апелирал за масовно пошумување на соголените ридови и долини.

Изјавата погодила и разбудила многу луѓе кои се обиделе да го контактираат. Набрзо потоа, Трајанов основал граѓанската иницијатива, здружение, чија мрежа на поддржувачи постојано растела. „Но наместо ден на жалост, формиравме ден на радост за новите и идни шуми“, рече тој.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ), зелена партија во владејачката коалиција, ја поддржува оваа и слични иницијативи затоа што тие помагаат да се обезбеди посигурна иднина за животната средина и за луѓето.

„Знаејќи дека едно десетгодишно дрво произведува количество на кислород што ги задоволува дневните потреби на еден човек, свесни сме дека садењето нови садници е навистина неопходно“, изјави претседателот на ДОМ Лилјана Поповска за SETimes.

Поповска вели дека ДОМ сака оваа иницијатива да се прошири и на позагадените градови во кои концентрацијата на луѓе е поголема.

Минатата година, на конференцијата за климатски промени во Копенхаген, балканските земји го прифатија предлогот на Македонија да се прошири Денот на дрвото во регионален проект.

„Шест балкански земји се согласија да се организира заеднички Ден на дрвото под називот "Балкански ден на дрвото". Ова ќе создаде една поинаква, попозитивна претстава за Балканот. Наместо да асоцира на конфликти, регионот ќе биде познат како водечки регион во садењето дрвја, бранител на еко-системот“, рече Трајанов.

Пред донесувањето на одлуката во Копенхаген, на 30. март се одржа пошумување во 14 македонски погранични региони, вклучувајќи го и општините Пешкопеја во Албанија; Поликастро и Аксиополи во Грција; Струмјани и Ќустендил во Бугарија.

Пошумувањето во Македонија го врши јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Денот на дрвото е дел од акциониот план на истото. Оваа година, фирмата ја слави одлуката на ОН за прогласување на 2011 година за Меѓународна година на шумите преку Денот на дрвото.

„Од досега засадените 38 милиони дрвја, повеќе од 65% биле успешни и тоа претставува одличен процент во пошумување. Според европските стандарди, се смета дека просек од 35% претставува успех. Во првите години, садењето дрвја не беше толку успешно, но сега имаме сеопфатен пристап и постигнуваме поголем квалитет ", изјави директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, за SETimes.

Караџоски објасни дека македонските власти планираат да извезуваат садници во регионалните земји, бидејќи многу од нив немаат доволно семки и други потребни материјали за садење.

„Претпријатието 'Македонски шуми' поседува доволно шумски материјал и е подготвено да им помогне на другите земји, пред сè на Косово и на Бугарија, за да заживее проектот. Сепак, земјите треба прво да најдат законско решение што е во согласност со воспоставените практики на меѓусебна соработка“, рече Караџоски.

Поврзани написи

Loading

Властите проценуваат дека, вклучувајќи го и последниот Ден на дрвото, граѓаните досега засадиле 44 милиони дрвја.

Македонија ги третира своите шумите како национално богатство и наследство заштитено со Уставот. Земјата има потпишано и ратификувано бројни меѓународни договори и конвенции кои влијаат на шумарскиот сектор.

Иако замислен и организиран од страна на граѓанскиот сектор, Денот на дрвото постојано го поддржуваат македонската Влада, сите министерства, Агенцијата за локална самоуправа, општините и јавното претпријатие „Македонски шуми“.

Оваа година, амбасадорите во Македонија, исто така учествуваа во Денот на дрвото.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар