Попречена работата на косовската Комисија за независни медиуми

23/11/2011

Скоро една година Советот на косовската Комисија за независни медиуми не работи со полн капацитет.

Сафет Кабашај за Southeast European Times во Приштина -- 23.11.11

photo

Тоа што косовското Собрание не избра нови членови на Комисијата за независни медиуми создаде голем број пречки. [Ројтерс]

Косовската Комисијата за независни медиуми (КНМ) стана скоро нефункционална од декември 2010 година, поради недостатокот на неколку членови на Советот. Во ситуација кога четворица членови се доближуваат до крајот на својот двегодишен мандат, а косовското собрание не ги заменува, седумчленото тело нема доволно персонал да функционира.

„Поради испразнетите места во Советот, ние не можеме да управуваме со значителен дел од секторот што го регулираме“, рече за SETimes Наиле Селимај Красниќи, извршен директор на КНМ.

Долга листа задачи чека извршување. Тука спаѓаат барањата за нови лиценци и барањата од кабелските оператори за технички и оперативни реформи. Комисијата, исто така, треба да одигра улога во измената на актуелните регулативи и во обликувањето на национална стратегија за дигитализацијата.

Томор Халилај го води кабелскиот оператор „Интерсат“ во Дренас/Глоговац, централно Косово. Иако тој ги поднел потребните документи, неговото барање за лиценца останува во мирување. Во меѓувреме, тој ризикува да биде казнет за нелегално работење.

„Очајно чекам одобрување на лиценцата за да можам да спијам мирно“, рече тој за SETimes. „Се соочувам со предупредувања од извршната канцеларија за поднесување на документацијата. А потоа ми велат дека не можат да ја одобрат лиценцата во отсуство на комплетниот Совет.“

Во својот Извештај за напредокот во 2011 година, Европската комисија го истакна проблемот, велејќи дека косовското собрание сé уште не го комплетирало назначувањето на петмина членови на Советот на КНМ.

На почетокот од 2011 година КНМ поднесе до Собранието листа од осум кандидати, од првичните 17 јавни номинации, за четири од отворените места. Ад хок комисија со претставници од сите парламентарни партии ја скрати листата на четворица и ги поднесе нивните имиња на гласање.

Но, во јули, собранието ги отфрли предложените кандидати, без да посочи како да се продолжи понатаму.

Берат Буџала, пратеник од владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), претседаваше со комисијата. Тој вели дека неговата група го завршила својот дел од задачата.

„Она што се случува со КНМ е катастрофално“, рече тој за SETimes. „Очигледно дека собранието е виновно за одложувањето. Јас ја завршив мојата работа како шеф на ад хок комисијата, а претседателството е тоа што треба да продолжи. Но, тоа е апсолутно неоправдано.“

Друг член на комисијата, Алма Лама, од опозициската партија Ветевендосје, вели дека иако собранието сноси делумна одговорност, суштинскиот проблем е на владино ниво.

„Владата е на искушение да ги стави под контрола независните институции. Поради тоа што оваа ситуација што најмногу им одговара, новите членови на Советот на КНМ не се избрани“, рече Лама за SETimes.

Поврзани написи

Loading

Незаинтересираноста на косовското собрание не е нешто ново, вели Флорета Битиќи, поранешен шеф на Советот. Од 2008, рече таа, собранието сé уште не го избрало седмиот член на советот -- директна должност на законодавното тело.

„Одложувањата од собранието почнаа во 2007 година, по завршувањето на мандатот на двајца членови на советот“, рече Битиќи.

Нерешителноста, велат претставниците на КНМ, доаѓа во време кога медиумската сцена станува сé посложена, што го прави советот беспомошен наспроти зголемените обврски. Покрај тоа, во тек е децентрализацијата, со значителна неизвесност за крајниот исход.

„Треба да имаме стратегија за дигитализацијата, во која ќе бидат вклучени и другите учесници, но во отсуство на конечно одобрение од советот, постои потенцијален ризик истата да биде оспорена во последен момент“, рече Красниќи, додавајќи дека кредибилитетот на нејзината организација во очите на јавноста е, исто така, на удар.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар