Балканските земји ќе учествуваат во обуката предводена од НАТО во Авганистан

20/10/2011

Мисијата ќе учествува во Авганистанската школа за воена полиција во Кабул, каде што обучувачи од балканските земји ќе им помагаат на офицерите да се стекнат со специјализирани вештини.

Цветина Борисова за Southeast European Times -- 20.10.11

photo

Балкански офицери ќе учествуваат во обуката предводена од НАТО во Кабул. [Ројтерс]

Министрите за одбрана од Албанија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (БиХ) им се приклучија на Хрватска и Словенија во обврската да обезбедат конкретна поддршка за обуката на мисијата предводена од НАТО во Авганистан, ИСАФ.

Договорот, кој дојде во вид на меморандум за разбирање меѓу земјите од Јадранската повелба, беше постигнат на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, на 6-ти октомври. БиХ беше, исто така, претставена на настанот и вети дека ќе го додаде својот потпис на документот откако ќе успее да формира влада на државно ниво.

Мисијата ќе учествува во Авганистанската школа за воена полиција во Кабул, каде што обучувачите од балканските држави ќе им помагаат на офицерите да развијат специјализирани вештини. Истата првично ќе вклучува 40 членови, иако нивниот број може да се зголеми во иднина.

„Ангажманот од ваков вид јасно ја покажува нашата целосна поддршка за новата здружена стратегија во Авганистан преку овозможување на клучните способности и експертиза за успешно спроведување на Транзицискиот процес“, рече на церемонијата хрватскиот министер за одбрана, Давор Божиновиќ, чија земја е менторска во школата за воена полиција во Кабул.

„Оваа соработка меѓу Хрватска, БиХ, Словенија, Македонија и Црна Гора со поддршка на нашиот американски партнер испраќа порака дека државите што неодамна беа предмет на меѓународни мировни операции денес можат да работат заедно во конфликтните области во светот, и ова е порака до Авганистанците дека инвестирањето во мирот и безбедноста се исплати“, додаде тој.

Аналитичарите коментираа дека заедничката иницијатива е доказ за подготвеноста на поранешните југословенски републики да покажат дека му го свртеле грбот на минатото и гледаат кон заедничката евроатланска иднина.

„Мислам дека ова претставува позитивен чекор во однос на соработката на поранешните југословенски републики, и во исто време ја потпомага интеграцијата во пошироките евроатлански структури“, рече за SETimes аналитичарот Јоанис Михалетос, кој ја координира Канцеларијата за Југоисточна Европа, на Светската мрежа за безбедност.

„Сите овие држави сакаат да й докажат на меѓународната заедница дека се способни да соработуваат меѓу себе и, на некој начин, да се ослободат од лошите аспекти на минатото“, додаде тој.

Според воениот аналитичар Атанасиос Другос, минатите искуства на овие земји ќе бидат од голема помош за обуката во Авганистан.

„Сите гореспоменати земји се запознаени со одредени воени операции и операции на повторно градење, во текот на изминатата деценија; ... несомнено нивните искуства ќе бидат клучни за успехот во Авганистан“, рече тој за SETimes.

Србија не се приклучи на иницијативата, иако учесниците рекоа дека вратите се отворени. Според Михалетос, „Србија е посебен случај, бидејќи не е во НАТО и се чини дека ќе остане така во блиска иднина“.

„Сепак, постои веројатност Србија на крајот да испрати тим во Авганистан како мировни сили, но јас мислам дека не во соработка со другите земји, туку самостојно и со билатерален договор или со НАТО во целина или посебно со САД“, додаде тој.

Поврзани написи

Loading

Другос смета дека Белград може да даде голем придонес во здружените напори. „Со текот на годините тие добиваа сé поголемо искуство со НАТО/КФОР работејќи заедно со сите сојузнички трупи во Косово“, рече тој за SETimes.

Придонесот на Југоисточна Европа во ИСАФ беше, исто така, дискутиран на конференцијата во Загреб од 12-ти до 14-ти октомври, на која домаќин беше Маршаловиот центар, здружението МЦ Алумни од Република Хрватска и фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг.

Настанот, на кој учествуваа 130 учесници од Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Авганистан, имаше за цел да обезбеди увид во актуелната ситуација во Авганистан и да ги анализира придонесите на балканските држави за неговата стабилизација, реконструкција и развој.

„Консензусот е дека земјите од ЈИЕ ќе продолжат да ја поддржуваат ИСАФ како „благородна и чиста“ мировна мисија и по 2014 година“, рече за SETimes организаторот на конференцијата, потполковник Арне Лосман, шеф на Извршниот тим Југоисточна Европа во Директоратот на нерезидентните програми, на Маршаловиот центар.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар