Клучен заштитен сведок во судењето на Лимај најден мртов во Германија

29/09/2011

Смртта на Агим Зогај покренува прашања за заштитата на сведоците, велат експертите.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 29.09.11

photo

Поранешниот припадник на ОВК Фатмир Лимај се соочува со обвиненија за воени злосторства. [Ројтерс]

Клучен сведок под заштита што сведочеше во судењето за воени злосторства на косовскиот политичар-ветеран и поранешен припадник на ОВК, Фатмир Лимај, е најден мртов во Германија, каде што се чини дека извршил самоубиство, објавија властите во средата (28-ми септември).

Портпаролот на ЕУЛЕКС, Блерим Красниќи, изјави за SETimes дека телото на Агим Зогај било најдено во градскиот парк. Зогај беше познат како „заштитен сведок Икс“ во т.н. случај Клечка. Лимај и девет други поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за тортура и убиство на затвореници што биле држени во затворскиот центар во селото Клечка во 1999 година.

„Германските власти спроведуваат истрага, неопходна за утврдување на околностите на неговата смрт“, додаде Красниќи. Според Вашингтон пост германската полиција смета дека Зогај се обесил доцна во вторникот во Дуисбург, западна Германија.

Минатата недела судијата на ЕУЛЕКС во приштинскиот Окружен суд нареди Лимај да помине еден месец во домашен притвор, во очекување на судењето. Случајот за воени злосторства се испитува под надзор на обвинителот на ЕУЛЕКС од Косовската специјална обвинителска канцеларија. Многу од обвиненијата беа засновани на сведочењата на Зогај.

Адвокатот Бајруш Бајрами изјави за SETimes дека „судот ќе ги оцени актуелните околности и ќе одлучи како да продолжи. Ќе биде предизвик сега за обвинителите да продолжат без главен сведок“.

Тој вели дека ЕУЛЕКС мора да го испита и провери својот систем на заштита на сведовите, иако според извештаите Зогај извршил самоубиство.

„Во минатото имавме извештаи во кои Косово и ЕУЛЕКС се обвинуваа за слаб систем на заштита, и овој случај ќе ги зајакне овие наводи“, вели тој.

Политичкиот коментатор Фатлум Садику се согласува. „ЕУЛЕКС мора да одговори на некои прашања: зошто тој бил во Германија, дали бил под заштита и зошто го одложија процесот“, додавајќи дека „системите на заштита на сведоците бараат професионализам и треба да се спроведуваат од постојани институции, а не од ЕУЛЕКС, кој има временски ограничен мандат“, рече Садику за SETimes.

„Некои може да го користат ова како аргумент дека во Косово, истрагите за воените злосторства и другите жешки прашања се тешки, да не кажеме невозможни, бидејќи сведоците се мртви.“

Тој предвидува дека Белград ќе ја искористи можноста да побара истрага под мандатот на ОН за извештајот на Дик Марти.

„Јасно е дека Белград ќе го посочи ова прашање како аргумент дека Косово и ЕУЛЕКС не можат да спроведат истраги за чувствителните прашања“, вели Садику.

Во јануари членот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ), Жан-Чарлс Гардето, рече дека сведочењето на сведоците е клучно во процесот на откривање на вистината и остварување помирување. Но, во многу случаи, рече тој, сведоците се двоумат дали да сведочат бидејќи се соочуваат со опасност од одмазда.

„Во Косово, сведоците се убиваат“, му рече Гардето на советот.

ПАЦЕ ја повика мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) кога го одобри извештајот на Дик Марти да создаде програма за заштита на сведоците, без која ништо не може да продолжи.

Битичи вели дека со смртта на Зогај системот на заштита пропадна.

Поврзани написи

Loading

„ЕУЛЕКС постојано истакнува дека заштитата на сведоците е доволна во Косово. Овој случај претставува неуспех на правдата и ја нагласува потребата за понатамошно зајакнување на заштитата на сведоците“, вели Битичи.

Тој вели дека се потребни дополнителни чекори.

„Очигледно, работите како домашен притвор или изнесување на сведоците од земјата не се доволни. Она што ни треба е можеби изнесување на целото семејство на сведоците, или ставање на сведоците под целосен надзор на полицијата“, предлага Битичи.

Лимај, влијателен член на Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи, е под одделна истрага од страна на ЕУЛЕКС за корупција. Ова произлегува од времето кога тој беше министер за транспорт и пошта-телекомуникации меѓу 2008 и 2010 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар