Кукан: Дијалог, а не барикади

29/09/2011

Насилството на косовската граница со ништо не го подобрува животот на луѓето и само може да го задржува процесот на интеграција во ЕУ, рече за SETimes шефот на делегацијата на ЕП, Едвард Кукан.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 29.09.11

photo

Жител на етнички поделениот град Митровица со својот велосипед поминува покрај војниците на КФОР. Мировниците на НАТО го зголемија своето присуство по насилството на граничниот премин во вторникот (27-ми септември). [Лаура Хасани/SETimes]

Едвард Кукан, шеф на делегацијата на Европската комисија за односи со Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово, говореше со SETimes во врска со неодамнешните настани во северно Косово.

SETimes: Можете ли да дадете коментар за нападите против КФОР во Северно Косово?

Eдвард Кукан: Пред сé, сите инциденти или чинови на насилство на северот од Косово не помагаат за подобрување на животот на луѓето таму. Затоа, ЕУ започна дијалог [со цел] да помогне во решавањето на практичните прашања, кои ќе им овозможат на Косово и Србија да постигнат напредок и во нивните односи и интеграцијата во ЕУ. Наместо тоа, ние гледаме луѓе на барикади и напади на КФОР. Тоа е, јасно, неприфатливо.

Секој човек треба да има право на протести, но овие протести треба да се организираат на одговорен начин. Насилството против меѓународните мисии претставува опасен преседан и треба да се осуди.

SETimes: Како треба меѓународната заедница и Косово да се справат со последниот настан?

Кукан: EУЛЕКС започна истрага за она што се случи во вторникот (27-ми септември) и јас верувам дека поединците кои употребија насилството против КФОР треба да се изведат пред правдата. Што се однесува до Косово и Србија, тие треба да й помогнат на меѓународната заедница во повторното воспоставување на редот на северот и да овозможат слобода на движењето и трговијата во овој дел. Покрај тоа, тие треба да испратат јасна порака до оние што се одговорни за насилството, дека со вакви дејства тие си наштетуваат не само себеси, туку и на интересите на Србија и Косово.

This text will be replaced

SETimes: Претстојните преговори меѓу Косово и Србија во Брисел се ставени во мирување; како сметате дека тоа ќе биде толкувано од сите вклучени страни?

Кукан: Мислам дека не треба да влегувам во шпекулации во врска со политичките толкувања на прекинот на дијалогот. Исто така, не верувам дека сите политички актери во Белград и Приштина ќе имаат исто мислење за тоа што се случи. Сигурен сум дека ќе видиме најразлични реакции и толкувања од двете страни. Јасно, дијалогот претставува чувствителен дипломатски процес и како таков, истиот се користи и злоупотребува за политички цели од двете страни. Не очекувам ова да се промени.

Сепак, би сакал да истакнам дека Европската унија придава големо значење на дијалогот и го смета за корисен инструмент за постигнување напредок во односите на Србија и Косово и интеграцијата.

SETimes: Србија повика на дијалог за ситуацијата на Северните порти. Како сметате дека ЕУ и Косово ќе одговорат на повиците за повеќе дијалог, и како сметате дека сите страни треба да го третираат понатамошниот дијалог?

Поврзани написи

Loading

Кукан: Повторно, не би сакал да шпекулирам за идниот дијалог, но верувам дека на крајот ќе се најде практично и политичко решение. Решението треба да биде во интерес на сите страни, бидејќи во моментов северот од Косово претставува безбедносна закана за Србија, Косово и целата меѓународна заедница.

Сепак, во овој момент ЕУ треба да остане цврсто на својот првичен план, кој треба да донесе резултати за конкретни технички прашања кои го спречуваат напредокот на Србија и Косово и во поширок контекст, на целиот регион.

SETimes: Какво влијание ќе имаат последните настани врз процесот на интеграција на ЕУ за Србија и Косово? Што мора Србија да стори во овој момент за да добие кандидатски статус и пристап во ЕУ?

Кукан: Како што кажав претходно, секој инцидент и чин на насилство особено кон меѓународните мисии, не е прифатлив за европските институции. Политичарите на двете страни мора да покажат храброст и да придонесат за решение на ситуацијата, зашто во спротивно тоа ќе го попречи нивниот напредок во интегративните процеси. Србија и Косово треба јасно да ги одредат своите приоритети и да одлучат кој правец сакаат да го заземат. Ако е тоа европската интеграција, тогаш тие треба да сфатат дека мора, меѓу другото, да најдат трајно и мирно решение за северот од Косово.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар