Србија ќе ги испитува мрежите на воениот криминал

23/09/2011

Владата започна истрага за тоа како главните обвинети за воени злосторства, како што е Ратко Младиќ, успевале да й избегаат на правдата толку долго време.

Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 23.09.11

photo

Сега кога преостанатите обвинети се наоѓаат во притвор, главниот обвинет на МКТЈ, Серж Брамерц, ја повика Србија да открие зошто тоа траеше толку долго. [Ројтерс]

Караџиќ, Младиќ и Хаџиќ може конечно да бидат во Хаг, но дури откако со години им бегаа на властите. Српската влада започнува истрага со цел да се открие зошто.

Серж Брамерц, главниот обвинител на МКТЈ, исто така би сакал да го знае ова. За време на неговата посета на Белград минатата недела, тој ја подвлече важноста на изнесувањето на ова прашање на виделина.

„Луѓето за кои беа издадени потерници ја избегнуваа правдата со години. Србија беше обврзана, по издавањето на споменатите потерници, да го уапси овие луѓе и ние сакаме да знаеме кој е одговорен што тоа не се случи порано“, рече тој.

Српскиот заменик-обвинител за воени злосторства, Бруно Векариќ, изјави за SETimes дека е во тек темелна истрага за ова и дека истата се очекува да даде резултати.

Движењата на „бегалците“ во текот на годините поминати во бегство се анализираат заедно со активностите на нивните помошници, без оглед на тоа дали се од внатре или од надвор од системот“, рече Векариќ.

Тој објасни дека не може да открива никакви детали во врска со истрагата, но ќе ја информира јавноста ако бидат спроведени какви било апсења.

Политичкиот аналитичар Дејан Вук Станковиќ е убеден дека бегалците морале да имаат директна или индиректна помош од српските власти.

„Сигурно дека мрежата помошници комуницирала со делови на државните служби“, рече Станковиќ за SETimes.

Успехот на истрагата зависи од расположливите докази, рече тој, предупредувајќи дека многумина ќе се обидат да ги уништат или прикријат.

Поврзани написи

Loading

Претседателот Борис Тадиќ вели дека очекува конкретни резултати.

„Многу е важно да се создаде јасна слика за тоа кој им помагал да се кријат -- ако се криеле -- за да може меѓународната заедница и правниот поредок да се зацврстат во иднина, во уверување дека слични случаи ќе може да се решат ефикасно во согласност со правниот систем“, рече Тадиќ.

Откривањето на мрежите е во интерес на Србија, рече шефот на Канцеларијата за соработка на земјата со МКТЈ, Душан Игњатовиќ.

„Ова е работа за нашето државно обвинителство и судовите и е во интерес на Србија да ја спроведе таа истрага темелно и да го затвори ова последно поглавје“, рече тој за SETimes.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар