Во Белград отворена Ромска академија на уметностите и науките

16/09/2011

Академијата има за цел да го заштити ромското културно наследство и интереси.

Билјана Пекушиќ за Southeast European Times во Белград -- 16.09.11

photo

Претседателот на Ромската академија на науките и уметностите, професорот Рајко Ѓуриќ. [Никола Барбутов/SETimes]

За првпат во ромската историја, меѓународно признаена институција -- Ромската академија на уметностите и науките (РААС) -- беше формирана во Белград овој месец.

Претставниците на РААС велат дека институцијата ќе го собира и зачувува огромното ромско културно наследство, и ќе ги проучува нивните социјални и научни достигнувања низ целиот свет.

„Постои огромна потреба за истражување на овој народ“, рече претседателот на РААС, Рајко Ѓуриќ, за SETimes.

Ѓуриќ објасни дека РААС има за цел да обезбеди систематско и добро засновано интердисциплинарно истражување за одбрана на Ромите од различни псевдо-научни студии и расизам.

„[Последново], за жал и за срам, е реална карактеристика на т.н. „Циганологија“, истражување кое се појави во последно време. Тоа е апсурдно и е дури и финансиски поддржано од некои европски земји, како и различни фондации и фондови“, рече Ѓуриќ.

Ромите, кои ги има околу 12 милиони, се најголемо етничко малцинство во Европа. Официјално има половина милион во Србија, но нивниот вистински број е најверојатно многу поголем, бидејќи многумина немаат документи за лична идентификација.

Со оглед на тоа што Ромите се нација без држава, тие немаат институции да ги заштитат нивните интереси. Во Србија, Ромите добија малцински статус дури во 2002 година.

„Со формирањето на академијата ние имаме меѓународна институција која ќе може да се справува со сите прашања што претставуваат проблем во културата на нашиот народ“, рече за SETimes еден од основачите на РААС и директор на Белградскиот музеј на ромската култура, Драгољуб Ачковиќ.

Во партнерство за образовните институции, академијата ќе организира интердисциплинарно научно истражување на ромскиот народ од перспектива на историјата, културата, јазикот, литературата, уметноста и општеството.

Во широката дијаспора, јазикот е главна заедничка културна карактеристика и најважен елемент на единството. Затоа РААС посветува особено внимание на ромскиот јазик.

„Постојат осум универзитетски катедри за ромскиот јазик во Европа, од кои две се во Србија, но јазикот сé уште се развива бидејќи Ромите никогаш немале можност да го институционализираат“, рече Ѓуриќ.

Во поновото минато, некои европски држави како Шпанија и Унгарија законски ја забранија употребата на ромскиот јазик, доведувајќи го скоро на раб на исчезнување во тие земји. За да ја спаси ситуацијата Универзитетот во Будимпешта отвори катедра за проучување на ромската култура, додека градот Пекс го отвори единственото ромско средно училиште во Европа.

Поврзани написи

Loading

„Добро е што Ромите имаат ваква висока научна и културна институција. Во време на зголемени инциденти на шовинизам и фашизам, кои се случија во Србија во текот на изминатите десет години, оваа институција ќе биде поспособна да го заштити ромскиот народ“, рече за SETimes социологот Миливој Брајковиќ.

Во моментов има 24 членови на РААС од различни земји, меѓу кои се и некои од најпознатите имиња во уметностите и науката: францускиот филмски режисер Тони Гатлиф, двократниот добитник на Оскар Мајкл Кен, британскиот историчар Гратам Хаксон, финскиот писател Веијо Балтазар, професорот на Универзитетот во Хајделберг, Романи Росе, и сликарот Бруно Морели.

РААС е особено горда на членот Илија Маринковиќ -- професорот на Виенската музичка академија -- кој беше, на 9-годишна возраст, наречен „чудо од дете од Србија“.

Почесни членови на РААС се некои литературни и политички влијателни фигури како: Гинтер Грас, Салман Ружди, Габриел Гарсија Маркес, Џорџ Сорос, Хелмут Шмит, Вацлав Хавел, Рај Зед, како и поранешниот словенечки и македонски претседател Милан Кучан и Киро Глигоров.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар