Нови тензии на северот од Косово

14/09/2011

Патиштата на северот се повторно блокирани, откако Србите ветија дека ќе пружат отпор против преземањето на граничните премини од страна на косовските власти.

Игор Јовановиќ и Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Белград и Приштина -- 14.09.11

photo

Косовските Срби на 30-ти јули го блокираа патот во селото Рударе, во близина на Звечан. Во вторникот (13-ти септември) повторно беа поставени барикади, поради плановите косовската полиција да ги преземе премините на северот. [Ројтерс]

Само неколку недели откако привремениот договор ја смири кризата на границата, патиштата на северот од Косово повторно беа блокирани во вторникот (13-ти септември), при што Србите поставија блокади во знак на протест заради преземањето на премините од страна на косовските власти.

Приштина вети дека ќе ги спроведе плановите в петок, и покрај локалното противење.

„Планираме серија мировни протести и граѓанска непослушност“, рече за SETimes градоначалникот на Зубин Поток, Славиша Ристиќ. Сметаме дека [преземањето] од страна на косовската царина е неприфатливо, бидејќи тоа значи дека ние ќе бидеме отсечени од Србија, и дека ќе бидат воспоставени институции на држава што ние не ја признаваме.“

Жителите поставија трупци и вреќи со песок на патиштата, или употребија камиони и автобуси за да го спречат пристапот. Почнувајќи од среда, сообраќајот е целосно или делумно прекинат на главните патишта што излегуваат од Митровица.

Во градот Лепосавич жителите дозволуваа само една коловозна лента да остане отворена, во обид да го спречат КФОР да транспортира царинска опрема до административните контролни пунктови Јариње и Брњак.

Во Звечан, пак, наводно му било дозволено на конвој на КФОР да помине откако жителите добиле уверување дека неговата дестинација не се граничките контролни пунктови, туку Кампот Нотинг Хил во Лепосавич.

Додека тензиите растат, српската влада ги повика ЕУ, ОН и НАТО да го спречат, како што го нарекува, „едностраниот“ потег на Приштина, велејќи дека е доведена во прашање регионалната стабилност.

Планираното преземање „го загрозува продолжувањето на дијалогот [меѓу Белград и Приштина] и спроведувањето на статусно неутралните договори кои се постигнати“, вели истата.

Косовските власти велат дека се решени да го остварат планираното. „Моментот дојде“, рече премиерот Хашим Тачи за Радио Слободна Европа во вторникот. „Приходите што ќе се соберат [од премините] и од приливот на стока од Србија за Косово ќе се плаќаат директно во косовскиот буџет“.

Во изјавата за SETimes, политичкиот коментатор Фатлум Садику рече дека посетата минатиот месец на регионот од страна на германската канцеларка Ангела Меркел беше пресвртница, која го поттикна ЕУЛЕКС на потесна соработка со Приштина, кога станува збор за ситуацијата на северот.

За време на нејзината посета, Меркел побара српските „паралелни структури“ на северот да се затворат. Таа директно ги поврза шансите на Белград за ЕУ со ова прашање.

„ЕУЛЕКС -- од изјавата на Меркел -- призна дека мора да [се качи] на возот, бидејќи истиот ќе продолжи да се движи без или со него“, рече Садику. „ЕУЛЕКС знае дека Приштина сака да ја прошири својата власт и тие сакаат да бидат дел од секое дејство, наместо да стојат и набљудуваат како во јули.“

Косовската полиција и полицијата на ЕУЛЕКС се подготвени за евентуална вонредна ситуација, рече професорот по безбедност Абдулах Хајдари.

„Криминалните активности како што се поставувањето барикади или палењето на портите, нема да се толерираат“, рече Хајдари за SETimes.

Поврзани написи

Loading

Но, градоначалникот Ристиќ рече дека косовските Срби не смее да се присилуваат да ја прифатат власта на една држава што тие не ја признаваат како легитимна.

„Меѓународната заедница не ги присили Албанците да ги прифатат српските институции, така што тие нема да можат да не принудат и нас да ги прифатиме приштинските институции“, рече Ристиќ.

Шефот на проектот Косовски компромис, Александар Митиќ, рече дека иако Србите можеби ќе ги сметаат опциите ставени на маса за неприфатливи, тие имаат ограничена моќ.

„Треба да се има предвид дека белградските власти си го поставија како приоритет пристапот во ЕУ, што практично им ја одзеде можноста за решително дејствување по прашањето на Косово“, рече Митиќ за SETimes.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар