Турција нишани на финансиските извори на ПКК во Европа

01/09/2011

Како дел од разгранетата стратегија за борба против ПКК, Турција отпочна нова дипломатска иницијатива за пресекување на нејзините финансиски извори во Европа.

Алакбар Рауфоглу за Southeast European Times -- 01.09.11

photo

Курдскиот културен центар во Берлин со знаме на ПКК и постер на водачот на ПКК, Абдула Оџалан, на ѕидот. [Ројтерс]

Во рамките на новата иницијатива Анкара ќе разменува досиеја, вклучително и докази со земјите-членки на ЕУ, во надеж дека европските држави ќе преземат посилни дејства за пресекување на терористичкото финансирање. Имињата на претпријатијата што даваат финансиска помош за ПКК, исто така, се испратени до соодветните држави.

Турција долго време ја критикува ЕУ за нејзината неспособност или неподготвеност да ги скрати активностите на ПКК, означена од Турција, ЕУ и САД како терористичка организација.

„Ни треба искрена поддршка од нашите европски пријатели за пресекување на финансиските извори на ПКК, инаку е невозможно да се надмине овој проблем“, рече Мехмет Метинер, пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

„Нашата порака до Европа е дека немаме намера да го убиваме [курдскиот] народ во планините. Помогнете ни да им помогнеме“, рече Метинер.

Повеќе од 160 курдски бунтовници се убиени во рок од една недела од воздушни и артилериски напади врз бази за кои постои сомневање дека й припаѓаат на ПКК во северен Ирак, според турската војска. Анкара започна со нападите по зголемувањето на нападите на ПКК во кои загинаа повеќе од 40 војници во текот на изминатите месеци.

Владимир ван Вилгенбург, новинар за курдскиот весник Рудав, смета дека дипломатската иницијатива против финансиските извори на ПКК е дел од неодамнешните воени операции и влошениот конфликт меѓу ПКК и турската влада.

„Јасно е дека ПКК зависи од парите од Европа и курдската дијаспора за своите медиумски активности. Покрај тоа, според холандските разузнавачки служби, ПКК обезбедува стока за камповите на ПКК во северен Ирак“, рече тој.

„Поддршката што ПКК ја добива е претежно од финансиски донации кои се собираат од нејзините поддржувачи преку социо-културни здруженија. Во секоја европска земја има вакви федерации или здруженија“, објасни тој. „Сепак, турските Курди не ги поседуваат големите претпријатија и се претежно вклучени во мали претпријатија како мали ресторани, супермаркети и други бизниси. Честопати е тешко да се лоцира приливот на овие пари.“

Франческо Милан, докторант во Одделот за воени студии при Кралскиот колеџ во Лондон, истакнува дека Интерпол и Еуропол ја идентификуваат Турција како главна област и транспортна рута за хероин наменет за европските пазари, додека ПКК е еден од главните играчи во шверцот со дрога и луѓе во ЕУ.

„Развојот на потсистем за перење пари и финансирање е само природна еволуција на една ваква голема и раширена терористичка организација, така што јас нема да сум воопшто изненаден ако истрагите водат до откривање и на други претпријатија вклучени во вакви видови активности, особено такви што треба да бидат доволно мали за да работат под радарите на полициските сили“, додаде тој.

На среднорочен план, рече тој, иницијативата против финансиските извори на ПКК може да биде успешна во ограничувањето на воената сила на бунтовниците, но „е многу тешко во неа да се гледа магично решение што ќе ја елиминира ПКК“.

Поврзани написи

Loading

Ставот на институциите во врска со прашањето е променет во последниве години и европските земји се борат со ПКК со многу поголема посветеност од порано.

„Но, јавното мислење функционира на поразличен начин. Дел од европската јавност е сé уште прилично приврзана за романтичниот имиџ на ПКК како група инспирирана од слободата и демократијата“, вели Милан.

Салих Акјурек, поранешен армиски полковник и аналитичар на ПКК во Центарот за стратешки студии Вајз мен во Анкара, смета дека турската влада е многу сериозна овојпат бидејќи развива разгранета стратегија за ослабнување на ПКК.

„Улогата и поддршката на Турција во Европа расте. Очекуваме преземање повидливи мерки [од страна на ЕУ] за прашањето на финансиските извори на ПКК“, истакна Акјурек.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар