01/09/2011
Арид Ука рече дека застрелал и убил двајца американски војници и повредил уште двајца на Аеродромот Франкфурт во март бидејќи бил заслепен од исламската пропаганда.
(AП, Ројтерс, ДПА, Дојче Веле, АФП, АБЦ Њус, Скај њус, Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, Телеграф, Њујорк тајмс, ВОА, РФЕ/РЛ, Старс енд страјпс, Ал Џезеира - 31.08.11)
![]() „Тоа што го направив беше погрешно, но не можам да го поправат она што го сторив“, рече во германскиот суд Арид Ука (лево). [Ројтерс] |
Маж роден во Косово призна дека убил двајца американски војници и повредил двајца други на аеродромот во Франкфурт претходно оваа година, кажувајќи пред германскиот суд во средата (31-ви август) дека не знае зошто го сторил тоа.
Арид Ука (21), кој е роден во етнички поделениот град Митровица во северно Косово, но растел во Германија, им се извини на семејствата на жртвите, велејќи дека бил под влијание на онлајн исламистичката пропаганда пред неговиот напад на 2-ри март на автобусот на американските воздухопловни сили.
„Тоа што го направив беше погрешно, но не можам да го поправам она што го сторив“, изјави тој откако беше прочитано обвинението на неговото судење во државниот врховен суд во Франкфурт. Судењето се очекува да трае и следната година.
Ука се соочува со две точки од обвинението за убиство и три точки за обид за убиство во врска со нападот. Со оглед на тоа што не е најден доказ кој би покажал дека тој бил член на некоја конкретна група, обвинителите не ги вклучија точките за тероризам во неговото обвинение.
Ако биде осуден, Ука може да се соочи со доживотен затвор. Но, ако судиите го прифатат неговото признание, тој најверојатно ќе добие 15 години затвор, според Би-Би-Си.
Ука, кој работел со договор на ограничено време, на меѓународниот поштенски центар на Фракфуршкиот аеродром во времето на инцидентот, претходната вечер гледал видео кое наводно покажувало како американски војници силуваат муслиманска девојка во Ирак. Насловена како „што им се правеше на нашите сестри“, снимката го инспирирала да го спроведе нападот, кој се покажа дека е сцена од антивоениот филм на Брајан де Палма од 2007 година, адаптирана и извадена од контекст.
Според обвинението, Ука отишол на аеродром на 2-ри март вооружен со 9-милиметарски пиштол, дополнителна муниција и два ножа. Тој видел двајца американски војници кои само што пристигнале од Лондон, и ги следел до синиот автобус на американските воздухопловни сили што чекал.
Таму имало 16 невооружени американски војници, вклучително и возачот, во близина или во автобусот, кога Ука им се приближил барајќи од еден од нив цигара, според различните извештаи. Откако потврдиле дека се персонал на американските воздухопловни сили, на пат кон Авганистан, тој „се свртел, го ставил магацинот што бил скриен во неговиот ранец во пиштолот и го репетирал оружјето“, се вели во обвинението.
Првата жртва на Ука беше убиена надвор од автобусот. Осомничениот потоа, наводно, се качил во автобусот извикувајќи „Алах Акбар“, арапски за „Господ е голем“ и го убил војникот кој требало да ја вози групата до блиската американска воздушна база во Рамштајн.
Истражителите велат дека Ука продолжил со раздивеното пукање на сите страни, при што биле повредени уште двајца други војници, од кои едниот трајно го изгубил видот на едното око. Тој потоа го вперил пиштолот на главата на трет човек, но пиштолот се заглавил и тој избегал од местото. Тој беше фатен и уапсен од полицијата набргу потоа.
Обвинителот Херберг Дајмер рече пред судот во Франкфурт дека осомничениот отишол на аеродромот со намера да „убие неопределен број американски војници, но по можност голем број“.
Ука рече дека обвиненијата против него се „точни“ и дека тој навистина имал намера „да ги убие“ американските авијатичари.
„Мислев дека она што го видов на тоа видео, овие луѓе ќе го направат во Авганистан“, рече тој пред судот, читајќи ја подготвената изјава.
Тој се соочува со одделно американско обвинение, кое не може да почне додека Ука се наоѓа во притвор во Германија.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's