Македонскиот невладин сектор оцрнет?

19/08/2011

Додека некои организации се соочуваат со обвиненија за манипулирање со јавноста или служење на бизнис и политичките интереси, критичарите бараат поголем надзор.

Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје – 19.08.11

photo

Меѓународната организација се распадна во 2007 година. [ИХЦ]

Контроверзноста околу локалната организација која се именуваше себеси за огранок на Меѓународната хелсиншка федерација за човекови права, повторно ја покрена дебатата во Македонија околу невладиниот сектор, и доведе до повици за построги стандарди и одговорност.

Меѓународната организација за човекови права повеќе не постои, откако се распадна во 2007 година по финансиските малверзации и банкрот. Но, групата во Македонија, наводно, продолжи да го користи името четири години по распаѓањето, покренувајќи прашања за нејзината цел, како и статусот.

„Ние сме независна, невладина организација и сме правно лице. Добиваме пари од Бугарската амбасада, шведскиот Хелсиншки комитет, и им даваме отчет на нив и на државата“, се вели во соопштението на македонскиот Хелсиншки комитет.

Според регистрираната агентка за патенти Мирјана Станковиќ, пак, комитетот паднал на тестот на транспарентноста.

„Ова што се случува не е ниту легитимно, ниту законски издржано. За да се избегнат недоразбирања, македонскиот Хелсиншки комитет треба јасно да й каже на јавноста дека дејствува како независна локална невладина организација, а не како огранок на меѓународна организација која повеќе не постои“, рече таа за SETimes.

Критичарите велат дека хелсиншкиот скандал ја одразува состојбата во секторот на граѓанското општество. Тие обвинуваат дека голем број невладини организации биле формирани во периодот на транзицијата, во 1990-тите, за бизнис интереси и за интересите на владејачките политички партии.

„Најпознат пример на злоупотреба е организирањето штрајкови за поддршка на политичките интереси“, изјави аналитичарот Веле Митановски за SETimes.

Особено забележливи примери за случија за време на референдумот за територијалната реорганизација на Македонија во 2004 година, рече Митановски. „Многу невладини организации тогаш работеа во полза на власта, но исто така и опозицијата“, рече тој.

Во меѓувреме, поддршката од бизнис интересите може да биде од клучна важност за прежививувањето на слабите невладини организации, рече за SETimes уредникот на државната Македонска телевизија, Наум Стоилковски.

„Таквите невладини организации и порано и сега дозволуваат да бидат искористувани. Дури и некои печатени и електронски медиуми во последно време работат на промовирање на бизнис што се води под маската на граѓанскиот сектор. Со некои исклучоци, граѓанските интереси се сé повеќе на дното на приоритетите на невладините организации“, рече Стоилковски.

Граѓанското општество е уште повеќе оцрнето со неодамнешното откритие дека Владимир Милчин, директор на македонскиот огранок на Институтот отворено општество на Џорџ Сорос, бил шпион за југословенската тајна полиција.

Поврзани написи

Loading

„Просто кажано, кога донаторите ги предаваат парите, оние кои ги примаат ниту прашуваат, ниту се заинтересирани за кредибилитетот на донаторите“, рече за SETimes новинарот Александар Спасовски.

Милчин беше нашироко критикуван во медиумите за наводното финансирање на предизборната кампања на партијата Социјалдемократски сојуз со парите на фондацијата.

Македонскиот Изборен законик јасно предвидува дека граѓанските здруженија, невладините организации и фондациите не смеат на ниеден начин да учествуваат или да финансираат предизборни кампањи. Водечката колумнистка Мирка Велиновска ја посочувува, како што таа ја нарекува, „медиумската невладина“ злоупотреба од страна на силите што сакаа да ги наметнат своите политички агенди за време на изборите во јуни оваа година.

„Македонија беше буквално изложена на високи нивоа на токсична пропаганда што ја продаваа специјализираните агенции, невладините организации, експертите за ова или она и наводните професионални новинари“, рече таа. „Таквите агенди чинат многу пари и несомнено навистина големи суми „црни пари“ беа фрлени во истите. Институциите за спроведување на законот ќе мора да ја разврзат и оваа пајажина, за да ја заштитат јавноста од пропагандистичкиот тероризам“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

ЕУ го менува економскиот пристап кон БалканотЕУ го менува економскиот пристап кон Балканот

Унијата поставува нови критериуми за членство за земјите-кандидатки и за потенцијалните кандидати.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Aмерикански брод и екипаж ги вршат последните подготовки за да го неутрализираат најопасниот дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје. Колку според вас е важна оваа операција за заштита на цивилното население од хемиско оружје?

Многу е важна
Не е многу важна
Воопшто не е важна
Не знам