Проблемите на Србија со „црвеното злато“

18/08/2011

Иако овогодинешните малини се со подобар квалитет, цените се пониски од минатата година.

Билјана Пекушиќ за Southeast European Times во Белград – 18.08.11

photo

Србија е меѓу главните производители на малини во светот. [Ројтерс]

Штрајковите и протестите на српските одгледувачи на малини, кои се судрија со полицијата, не успеаја да ја постигнат откупната цена за овогодинешната берба на малини од минатата година, од 1,5 евра за килограм. Наместо тоа, килограм малини оваа година ќе оди за едно евро.

„Тие [сопствениците на индустриските разладни објекти] ја намалија нашата цена за 30 отсто“, рече Стеван Вукојевиќ, разочаран земјоделец од земјоделската област Ариље, искажувајќи го за SETimes генералното чувство.

Должност на државата е да инвестира највеќе во ова стратешко овошје за српското земјоделство, додаде тој, особено поради тоа што земјоделството страда во изминатите 30 години.

Србија е втора земја, само по Русија, по производството на малини и овогодинешната берба може да достигне 85.000 тони.

Сопствениците на индустриски ладилници, кои ги користат ваквите капацитети за складирање на малините, понудија уште пониска цена на почетокот од бербата, или 90 центи за килограм. Тие ја оправдуваат својата понуда со ниската цена на малините на светскиот пазар и со фактор дека продажбата е намалена.

Покрај тоа, тие велат дека сé уште имаат залихи на малини од минатогодишната берба.

Земјоделците бараа 1,26 евра за килограм, но откако не успеаја да ја постигнат таа цена, околу 1.000 го блокираа патот Ариље-Ивањица, во знак на протест.

Додека протестите се зголемуваат, земјоделците ветуваат дека ќе дојдат со трактори на митинг пред зградата на владата во Белград.

„Државата не треба да се меша во договорите меѓу земјоделците и купувачите. Тие требаше да разговараат со време и да најдат решение“, рече за SETimes државниот секретар во Министерството за земјоделство, Љубиша Димитријевиќ.

Но, државата се вмеша кога полицијата ги спречи земјоделците да го посетат Белград, предизвикувајќи насилни инциденти во кои беа повредени неколку полицајци.

„Бевме скоро на раб на граѓанска војна“, рече за SETimes заменик-претседателот на Здружението на производители на малини („Виламет“).

„Почнавме мирно со нашите машини и трактори, но полицијата не ни дозволи да направиме колона. Можеше да се случи сешто“, рече Ненадиќ.

Претседателот на Независниот синдикат на Србија, Љубисав Орбовиќ, изјави за SETimes дека земјоделците од Војводина биле слично на тоа спречени да протестираат во Белград минатиот јуни. „На државата й е страв од протестите бидејќи има многу незадоволни селани и работници“, рече Орбовиќ.

По протестите, тензиите продолжија во следните неколку дена, и министерот за земјоделство и трговија, Душан Петровиќ, започна разговори со земјоделците и купувачите. Но, сопствениците на разладни капацитети не попуштија.

Поврзани написи

Loading

Петровиќ изјави за Танјуг дека сопствениците ќе може да конкурираат за поволни кредити од Републичкиот фонд за развој, што ќе им овозможи да понудат повисоки цени за производителите на малини. Тој вети дека парите ќе бидат одобрени што е можно побрзо.

„Исто така, се согласивме дека [треба] да почнеме со подготовки за следната сезона“, рече Петровиќ.

Претседателот на „Виламет“, Драган Богдановиќ, рече дека цената од едно евро претставува компромисно решение. „Тоа е само почетна цена; ќе видиме што ќе понудат купувачите на крајот од сезоната“, рече тој за SETimes.

Едно евро е нешто повисоко од првично понудените 90 центи и ќе важи само за регионот на Ариље, подобро познат како „главен град на малината во светот“. Производителите на другите места мора да преговараат и да ги убедат купувачите да подигнат кредити од фондот за развој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар