Само една жена министер во новата турска влада

14/07/2011

Невладините организации што ги претставуваат жените, го критикуваат недостатокот на претставнички во владата, велејќи дека земјата назадува.

Овгу Улучај за Southeast European Times во Истанбул –14.07.11

photo

Женските невладини организации сé повеќе ја критикуваат владата поради исклучувањето на жените. [Ројтерс]

Фатма Сахин има уникатна позиција во новата влада на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган: таа е единствената жена министер. Тоа претставува пад во споредба со претходната влада, која вклучуваше две министерки.

Невладините организации и женските здруженија се загрижени. „Тоа е патетична сцена во Турција, која тврди дека достигнала напредна демократија“, рече Фезал Ѓулфидан, членка на одборот на директори од Здружението за поддршка и обука на жените-кандидатки (КАДЕР), во коментарот за SETimes.

Сахин, која е исто така и прва пратеничка од Газиантеп, ќе го предводи Министерството за семејство и социјална политика. Новото име на нејзиното министерство -- кое претходно се викаше Министерство за жени, семејство и социјална политика -- е извор на дополнителна контроверзност.

„Ова е асимилација на жените во семејството, бидејќи се гледа [само] како член на домашниот живот“, рече Гулфидан за преименувањето. „Единствената жена министер доби политичка улога која одговара на нејзината [традиционална] улога во семејството“, додаде таа.

„Многу жени живеат самостојно во Турција“, вели таа. „На овој начин тие се игнорираат.“

Во отвореното писмо до премиерот Реџеп Тајип Ердоган во јуни, Платформата на Женскиот механизам за еднаквост -- организација која брои околу 80 групи активисти -- ја осуди одлуката да се отстрани зборот „жени“ од името.

Најмалку пет жени се убиени во Турција секој ден, а жените едвај имаат свои претставници во парламентот и позициите на власта, рече Платформата на жените, тврдејќи дека преименувањето испраќа погрешна порака. Турција, додава истата, е близу до дното според светските стандарди во областите на сиромаштијата, образованието и здравјето на жените.

Поврзани написи

Loading

Во вакви услови, тврди Ѓулфидан, на владата й треба министерство посветено исклучиво на женските прашања.

Селма Ачунер, политички научник во Центарот за женски студии при Анкарскиот универзитет, е поголем оптимист. Промовирањето на Фатма Сахин во шеф на новиот кабинет е „ветувачки настан“, рече таа за SETimes.

„Верувам дека Сахин ќе работи добро бидејќи е блиска до женските организации, тоа е како да доаѓа од граѓанското општество“, вели Ачунер, посочувајќи дека министерката претходно ја предводеше анкетната комисија за убиствата заради зачувување на честа, и за насилството врз децата.

„Мора да й се даде време на Сахин, да се види нејзината работа“, заклучува таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар