Во БиХ, силни емоции и неизлечени рани

27/05/2011

Остануваат длабоки поделби каде што Ратко Младиќ се смета дека ги одобрил некои од најжестоките злосторства во Европа по Втората светска војна.

Од Бедрана Калетовиќ за Southeast European Times во Сараево – 27/05/11

photo

Малиќ Зухра, муслиманка, ги гледа вестите за апсењето на воениот генерал Ратко Младиќ во Поточари во близина на Сребреница. [Ројтерс]

Собата е тивка, освен телевизорот во еден од аглите. На ѕидовите висат слики на оние кои или исчезнале или биле убиени кога силите на босанските Срби ја зазедоа Сребреница, која беше прогласена за безбедна зона на ОН, на 11-ти јуни 1995 година.

Во седиштето на Жените на Сребреница, невладина организација посветена на откривање на вистината за масакрот, членките го гледаат покривањето на настанот за кој долго време се надеваа. Ратко Младиќ, поранешен генерал за кој се верува дека ја одобрил егзекуцијата на 8.000 мажи и момчиња, беше уапсен од српската полиција.

„Чекав 16 години да слушнам дека овој убиец е уапсен“, вели Хајра Чатиќ, претседателка на организацијата, додека телевизијата ја покажува сликата на нејзиниот син, чие тело не е никогаш најдено.

„Мојот син и сопруг ги нема, никој нема да ми ги врати, исто како што не можат да ми ги вратат и останатите членови на моето семејство, но барем сега знам дека правдата е задоволена и дека најголемиот криминалец одговорен за масакрот во Сребреница е фатен.“

Сабахета Фејзиќ, преживеана од Сребреница, чувствува олеснување што Младиќ повеќе не ужива неказнетост за своите дејства.

„Ова е парче правда за сите жртви на геноцидите во Босна и Херцеговина (БиХ), рече таа за SETimes. „Младиќ веќе долго ужива во својот живот, додека остави безброј мртви и несреќни семејства за нив.“

„Се надевам дека во случајот на Младиќ, Хашкиот трибунал нема да биде толку нерешителен како со Слободан Милошевиќ и Радован Караџиќ и дека нема да ни дозволи понижување на трагедијата во удобноста на судницата“, додаде таа.

БиХ останува многу поларизирана земја и Младиќ сé уште има поддржувачи меѓу Србите. Некои дури и го прогласуваат за херој. Бранислав Дукиќ, претседател на организацијата на воени жртви од босанските Срби, рече дека е многу разочаран.

Поврзани написи

Loading

Сепак, изненадувачки, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, не го критикуваше Белград за апсењето на Младиќ и подготвувањето за негова екстрадиција. Наместо тоа, тој рече дека апсењето претставува исполнување на обврските на Србија од Дејтонскиот договор -- обврски преземени од сите држави кои беа вклучени во конфликтот.

„Институциите на Република Српска никогаш не ги бранеле, ниту ќе ги бранат, некои кои извршиле воени злосторства, без оглед на националноста или верската ориентација“, рече Додик, додавајќи дека се надева оти високите функционери и генерали од армијата на БиХ ќе бидат, исто така, гонети.

Бакир Изетбеговиќ, син на претседателот на БиХ за време на војната и актуелен член на трипартитното претседателство, вели дека веста дава надеж дека конечно ќе се открие вистината за воените злосторства.

„Ова апсење претставува основа за понатамошниот процес на миротворство во регионот, за чија цел мора да се спомене дека апсењето дојде од српските официјални институции со помош на оние од БиХ“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар