05/05/2011
Пред изборите овој викенд, фокусот е истовремено на процесот и на исходот.
Од Линда Карадаку за Southeast European Times во Тирана -- 05/05/11
![]() Предвечерјето на изборите в недела (8-ми мај) е полно со дебата на омраза и политички удари. [Aна Пекмези/SETimes] |
Според претседателот Бамир Топи, изборите в недела треба да одбележат консолидирање на новата фаза на демократска стабилност.
Сепак, едномесечната кампања беше нарушена со насилство и клеветење меѓу двете најголеми партии во земјата -- Демократската партија (ДП) на премиерот Сали Бериша и опозициската Социјалистичка партија (СП) на Еди Рама.
Двете ја држат земјата во политички ќор-сокак од изборите во јуни 2009 година, кои беа оспорени од СП.
„Осми мај е многу важен за земјата и Албанците треба да ја сфатат важноста на овие избори“, рече амбасадорот на ОБСЕ, Еуген Волфарт, на 27-ми април.
Бериша ги повика институциите вклучени во изборниот процес да го почитуваат и ригорозно да го применуваат изборниот закон. Тој им ветува на поддржувачите економски развој и спроведување на реформите кои ќе ја водат земјата кон интеграција со Европа.
ДП ја заснова својата кампања на ветувањата за спроведување на „сите проекти“ на локално ниво, со поддршка на централната влада. Рама им кажува на поддржувачите дека неговата коалиција не е заснована на идеологија и дека ги обединува Албанците пошироко од левицата и десницата, пошироко од партиските линии.
„Педесет години Албанците се соочуваат со последиците од ветувањето за рај на земјата и денес тие се соочуваат секојдневно со тоа дека тој економски рај кој Сали го ветува, ветувајќи среќа, е следен од економски пекол“, им рече Рама на поддржувачите.
СП постојано се жали за избирачките списоци и одлуките на Централната изборна комисија, донесени без гласовите на опозицијата.
СП, исто така, ги тужеше менаџерите на Цивилната регистарска канцеларија и тројца локални општински водачи за злоупотреба на службената должност, фалсификување документи и изборни резултати и кршење на правата на глас, сите поврзани со избирачките списоци.
„Не се само инцидентите причина за загриженост, туку загриженост кај луѓето предизвикува и притисокот врз државната администрација за избирачките списоци, спротивни на правните одлуки на Централната изборна комисија и потврдени како такви од Изборниот колегиум“, рече заменикот на СП, Армандо Субаши, за SETimes.
Социјалистичкиот пратеник додава дека ова се сигнали оти изборите нема да се одржат во согласност со стандардите.
Најголемата битка е во Тирана, каде што Рама се натпреварува за четврт мандат против Љуљзим Баша, кандидатот на ДП и поранешен министер за внатрешни работи.
Членот на ДП Алдо Бумци изјави за SETimes дека Баша води цивилна кампања. „Баша не се занимава со обвинувања, туку со проблемите на граѓаните, што е поразлично од Рама кој ги прогласи изборите за политички. Баша го влече Рама во цивилна кампања.“
Бумци, исто така, ја подвлече волјата на мнозинството за слободни и фер избори.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's