Бариерите меѓу половите се губат во македонскиот деловен свет

27/04/2011

Претприемништвото се спротивставува на традиционалните улоги, бидејќи сé повеќе жени доаѓаат на чело на водечките фирми.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 27/04/11

photo

Сопственичката на винаријата Чекоров, Дивна Јордановска, е една од водечките деловни жени во Македонија. [Марина Стојановска/SETimes]

Поголем дел од најдобрите македонски претпријатија се управувани од мажи, но жените сé повеќе влегуваат во светот на, како што самите го нарекуваат, „елитниот“ бизнис.

„Бизнисот не ви е даден од никого. За да бидете успешни, морате да верувате во себеси, да имате водечки способности, многу да работите и да имате добар бизнис план“, рече за SETimes бизнисменката Снежана Јовановска.

Јовановска е сопственичка на туристичката агенција „Орфеј“, а ја води и турстичката група на македонската Стопанска комора.

Минатата година „Орфеј травел“ ја прослави својата 20-годишнина, докажувајќи им на илјадници клиенти дека ентузијазмот за водство и производот што го нуди се двете најважни работи, рече Јовановска.

Марија Герас Доцовска, сопственичка и директорка на фирмата за бизнис консалтинг Мултиимпекс, вели дека иако бројот на жените сопственички на бизниси е мал -- близу 10 отсто -- половина од фирмите со кои таа соработува се во сопственост или се управувани од високо образовани жени-интелектуалки.

„Како и во повеќето европски држави, жените во Македонија се растргнати меѓу традицијата да го гледаат семејството и бизнис можностите. Од политички аспект, како и од гледна точка на половата еднаквост, нема бариери и средината е одлична. Моето 19-годишно искуство го потврдува тоа“, рече Доцовска за SETimes.

Сепак, да се биде жена во бизнисот, бара поддршка од семејството и добра организација, додаде таа.

Македонија го усвои Законот за полова еднаквост и усвои законски одредби за поголемо учество на жените во политиката, но сепак нема ниту една градоначалничка. Жените го делат мислењето дека ништо не може да се подобри на хартија ако не се преземат конкретни претприемачки иницијативи.

Некои, како Јовановска, сметаат дека самите жени се виновни за сегашниот недостаток на директорки на најдобрите фирми, со оглед на потребниот баланс за одгледување на семејството. Во нејзиниот случај, таа донесла одлука да се фокусира на бизнисот и го додала на своето портфолио управувањето со италијанското претпријатие за чевли Балдинини.

Друга деловна жена, Дивна Јордановска, сопственичка и директорка на винаријата Чекоров, вели дека секој -- маж или жена -- е градител на сопствениот успех.

„Нема проблем да се работи со мажи ако ја имате нивната доверба. Не ми пречи тоа што мојата работа претежно се смета за ,машка работа’ бидејќи успехот зависи од способноста, не од полот“, рече Јордановска за SETimes.

Поврзани написи

Loading

Откако луѓето ги видоа резултатите од нејзината работа, исчезна првичната резервираност и работата продолжи непречено. „Имам многу години искуство во соработката претежно со мажи и никогаш не сум имала лошо искуство“, рече Јордановска.

Економскиот уредник на скопскиот весник Дневник Мирче Јовановски тврди дека Македонија не е многу поразлична од повеќето земји, барем кога станува збор за жените што ги пополнуваат највисоките позиции во најголемите претпријатија. „Но, тука е полошо“, рече тој.

Сепак, Јовановски признава дека ситуацијата во Македонија се менува, како што жените сé повеќе го освојуваат теренот. „Има жени на највисоките позиции во банкарскиот сектор, прехранбената индустрија, медиумите, рекламирањето, фармацевтскиот сектор ... во многу конкурентна средина“, рече тој.

Останува најголемите претпријатија да ги признаат квалитетите на жените и да им понудат највисоки позиции, заклучува Јовановски.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар