Курдската граѓанска непослушност продолжува во Турција

31/03/2011

Курдите во Турција ги раздвижуваат работите пред јунските избори.

Од Алина Лехтинен за Southeast European Times во Истанбул -- 31/03/11

photo

Прокордските митинзи се одржаа изминатиот викенд. [Ројтерс]

Минатата недела прокурдската Партија на мирот и демократијата (БДП) ги повика Курдите во Турција да отпочне чинови на граѓанска непослушност организирајќи протести низ цела југоисточна Турција.

Во понеделникот (28-ми мај) избија протести во провинцијата Сиирт, кога околу 40.000 луѓе маршираа до наводните масовни гробишта на 200 Курди закопани во Кашапдереси.

Протестите уследија по оние на БДП во паркот Таксим гези во неделата, каде што учесниците извикуваа слогани на прокурдската Работничка партија (ПКК). Безбедноста беше засилена за време на протестите.

Во југоисточните градови Батман и Дијарбекир некои членови на БДП, како и други демонстранти, беа уапсени.

Ситуацијата се очекува да остане во ќор-сокак до изборите на 12-ти јуни.

Според професорот Тарик Огузли од универзитетот Билкент, мала е веројатноста владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) да направи какви било големи промени во својата политика кон курдскиот проблем пред овие избори.

„Не очекувам АКП да преземе какви било радикални реформи за овој конкретен проблем во Турција. Најверојатно тие ќе молчат“, рече Огузлу.

Турското курдско население бара основни права и автономија со децении. Сепак, нивните барања сé уште не се целосно решени. Во 2009 година владата се обиде да го реши проблемот со нејзината т.н. „Курдска иницијатива“. Сепак, аналитичарите велат дека истата не наишла на успех.

„Целата иницијатива падна во вода поради неспособноста на владата и недоговарањето на сите други партии во Турција како да ја спроведат“, рече професорот Мајкл Гинтер од Техничкиот универзитет во Тенеси, експерт по курдски прашања, за SETimes.

Прашањето е многу чувствително во Турција. Минатата недела добитникот на нобеловата награда Орхан Памук доби парична казна од 2.500 евра за неговиот коментар во интервју за швајцарски весник во 2005 година за бројот на Курдите и Ерменците кои загинаа на турска почва.

Турција не е единствената земја што моментно се соочува со немири меѓу своето курдско население.

„Курдскиот народ во Сирија и Ирак е, исто така, револтиран. Курдскиот проблем во Турција е многу поврзан со курдскиот проблем во регионот“, објасни Огузлу.

Поврзани написи

Loading

Некои експерти предупредуваат дека Курдите се обидуваат да одат по истиот пат како бунтовниците во Блискиот Исток и Северна Африка, кои моментно ги соборуваат властите.

„Сегашните курдски немири во Турција може да добијат „поттик“ од немирите што моментно се случуваат на многу други места низ целиот Блиски Исток“, рече Гунтер.

Сепак, професорот Ерхан Келесоглу од Истанбулскиот универзитет е колеблив за вакви тврдења.

„Некои аналитичари сметаат дека младите Курди се прилично лути против режимот и многу ентузијастички во врска со немирите во Блискиот Исток. Ќе го видиме исходот во блиска иднина“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар