22/03/2011
Зошто сите производи стануваат толку скапи?
Од Јонилда Коци за Southeast European Times во Тирана – 22/03/11
![]() Гувернерот на Централната банка, Ардијан Фулани, вели дека Албанците го чувствуваат флуктуирањето на меѓународниот пазар. [Ројтерс] |
Со скокот на цените за многу основни потрошувачки прозводи, Албанците тешко можат да врзат крај со крај. Експертите ја припишуваат инфлацијата на голем број фактори од даночната политика до слабата продуктивност и условите на светскиот пазар.
„Нафтените и прехранбените производи имаат значителен скок на цените, по порастот на цените на меѓународниот пазар“, рече гувернерот на Централната банка, Ардијан Фулани, на прес-конференцијата на крајот од февруари. „Овие производи придонесуваат со околу 80 отсто во целокупната инфлација.“
Со оглед на тоа што 40 отсто од буџетот на едно просечно албанско семејство ги покрива трошоците за храна, според официјалните податоци, скоковите на цените во оваа област се особено болни. „Новите цени на земјоделските производи највеќе влијаат на семејствата со ниски приходи“, рече Фулани.
Според албанскиот Национален институт за статистика (ИНСТАТ) едногодишната инфлација беше 4.5 отсто во февруари. Опозициската Социјалистичка партија, пак, ја оспорува таа бројка, обвинувајќи дека ИНСТАТ ја разубавува сликата со цел да ја заштити владата.
„Во текот на изминатите два месеци, секое албанско семејство се соочи со тешкотии од незапирливиот пораст на цените, исто така предизвикани од монополите на корумпираните групи политичари на власт“, рече Ерион Брајс, заменик-водач на парламентарната група на социјалистите, на прес-конференцијата на почетокот од март.
Потрошувачите се, исто така, зашеметени од воведувањето данок на додадена вредност од 10 отсто за лекарствата. Министерот за финансии, Ридван Боде, пак, вели дека мерката била потребна за да се подобри ефикасноста на пазарот и да се стави крај на сомнителните практики.
„Сегашниот пазар ќе стане поконкурентен и ќе се избегнат злоупотреби во цените“, рече тој.
ДДВ од 20 отсто, исто така, се воведува во многу професионални услуги, како што се оние на адвокатите, стоматолозите, архитектите, инженерите и ветеринарите. Во меѓувреме, владата ги зголеми акцизите за цигарите, ламбите, пластиката и најважно, нафтата.
Другите скокови во цените се припишуваат на светскиот пазар. Светската економска криза влијае на зголемувањето на цените на житните производи, велат властите, предизвикувајќи скок на нивните нуспроизводи.
„Скокот на цената на лебот е предизвикан од меѓународните зголемувања на цените за брашното на пазарите за стока. Домашното производство [исполнува] само 20 отсто од потребите“, рече министерот за земјоделство, Генц Рули.
Како земја со мало производство, Албанија увезува поголем дел од својата храна и другите производи, особено од земјите во ЕУ. Централната банка вели дека производството за еден албански фармер е четирипати помало од она за земјоделците во сите региони и 20 пати помало од она во ЕУ.
Неодамнешната економска криза во Грција, исто така, тешко ја погоди албанската економија, бидејќи Грција е главен трговски партнер на Албанија.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's