04/03/2011
Релативно млаката реакција на Анкара е спротивна на нејзиниот претходен став во врска со египетската криза.
Од Алакбар Рауфоглу за Southeast European Times -- 04/03/11
![]() Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган (лево) и крунисаниот принц на Бахреин Шеик Салман бин Хамад ал-Калифа се состанаа во Анкара на почетокот од февруари. [Ројтерс] |
Додека демонстрантите во Бахреин повикуваат на соборување на владејачката династија на земјата, Турција зазема внимателен пристап во изразувањето на својата загриженост.
„Апелираме до сите страни во Бахреин да се воздржат од насилство“, објави Министерството за надворешни работи, избегнувајќи директни критики за владата на Бахреин.
Десетици илјадници демонстранти, претежно шиитски муслимани, маршираа низ улиците на островската држава, барајќи од династијата на Суни ал-Калифа да се откаже од власта и да овозможи формирање уставна монархија.
Острите полициски мерки доведоа до смрт на неколку демонстранти и стотици повредени.
Позицијата на Турција е соодветна на тековните процеси во Бахреин, рече за SETimes претставник на администрацијата.
„Сите сме сведоци дека Бахреин презема чекори кон реформи, и ги повикуваме најпрво да го слушнат својот народ“, рече претседателот на Турско-бахреинската група на пријателство, пратеникот Вејси Кајнак.
Според Џелатин Јавуз, аналитичар во анкарскиот Центар за меѓународни односи и стратешки анализи, ставовите на Турција за Бахреин се обликувани според трговските амбиции во Заливот и свеста за улогата на Бахреин на Блискиот Исток.
„Турското општество не е многу заинтересирано за протестите во Бахреин, за разлика од Египет“, рече тој за SETimes. Aнкара, додаде тој, смета дека владејачките Ал-калифи ќе ја надминат кризата.
„Овие протести ќе поминат, додека односот на Анкара со Бахреин ќе остане“, истакна членот на парламентот Кајнак.
Минатиот месец крунисаниот принц на Бахреин, Бин Хамад ал-Калифа, и двајца министри, ја посетија Анкара, каде што се состанаа со турските водачи, на разговори околу подобрените дипломатски односи и трговските врски.
Трговската размена меѓу Турција и Бахреин се зголеми на 244 милиони американски долари во 2010 година, од 150 милиони американски долари во 2009 година.
„Разликата во пристапот на Турција кон Бахреин може да има корени во разумните стравувања“, се согласи Брајан Мело, европски специјалист за социјалните движења на Блискиот Исток. Тука, рече тој, спаѓаат нестабилноста која може да ги поткопа важните економски врски“, или дека во Бахреин, за разлика од Египет, секташката социјална поделеност може да ја направи секоја политичка транзиција потешка и несигурна.“
„Ова двоумење можеби, исто така, го одразува сфаќањето дека режимот во Бахреин е поспособен да преживее отколку поранешниот египетски режим, што би ги направило силните изјави да звучат како лош совет“, рече тој за SETimes.
Како и да е, рече Мело, јасната разлика во пристапот кон Египет и Бахреин ја прави турската влада отворена на критики.
Рајмонд Ибрахим, помошник-директор во вашингтонскиот Блискоисточен форум, рече дека Турција е, исто така, вознемирена во врска со можноста од домино ефект во регионот.
„Анкара не сака да ја критикува владата на Бахреин со оглед на тоа што стравува дека може да се најде себеси во слична ситуација -- да мора да употреби сила против Турците, ако тие протестираат“, рече Ибрахим за SETimes.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's