Романија ја зајакнува борбата против пограничната корупција

24/02/2011

Пред своето закажано пристапување во Шенген, Романија се фокусира на корупцијата на пограничните контролни пунктови.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт – 24/02/11

photo

Цариник е уапсен во Стамора Моравита на 8-ми февруари. [Виктор Барбу/SETimes]

Романската полиција и антикорупциските обвинители извршија рација во уште еден царински пункт во четвртокот (24-ти февруари), проверувајќи ги локалните фирми за увоз-извоз и цариниците осомничени за примање мито, објавија медиумите.

Рацијата, спроведена во Плоешти, на југот од земјата, беше втора од ваков вид оваа недела. Претходната операција на контролниот пункт Албита на молдавската граница резултираше со 55 апсења.

Ова е последна од серијата рации спроведени овој месец од страна на романските власти, кои имаат за цел да ѝ покажат на ЕУ дека земјата презема чекори за зајакнување на границите. Вкупно околу 200 погранични полицајци и царинарници се под истрага за наводна корупција и шверц.

Романија треба да пристапи во Шенген безграничната зона на ЕУ во март. Но, балканската земја наиде на остри критики од западноевропските земји како што се Франција и Германија, кои изразија загриженост во врска со пограничната безбедност поради раширената корупција во Романија и Бугарија.

„Царинскиот систем е ранлив во поглед на изложеноста на корупција и тоа, исто така, се покажа во нашите системски анализи. Досега немаше политичка волја да се реши и искорени проблемот, имено корупцијата во царинскиот систем, која е таму со години“, рече Виктор Алистар, извршен директор на Трансперенси интернешнал Романија, за SETimes.

На 8-ми февруари, операција на преминот Стамора Моравита на српската граница, резултираше со преку 100 сослушувања на службеници за мито и шверц на цигари. Обвинителите, исто така, ги претресоа и домовите и канцелариите на царинските власти.

Конфискувани беа цигари во вредност од околу 500.000 евра.

Скоро 60 официјални претставници беа уапсени за шверц на цигари за време на првата операција на контролниот пункт Сирет на украинската граница, на 3-ти февруари, по шестмесечно следење.

Според Националниот антикорупциски оддел (ДНА), корупцијата во Сирет не била ретка. Процесот беше координиран и хиерархиски организиран -- секој службеник имал добровоспоставена позиција и бил наградуван според својот придонес.

Таа операција резултираше со отстранување на шефот на Царината, Раду Маргинеан, под обвинение за корупција.

Но, полицискиот и царинскиот синдикат тврди дека се жртвувани само пионите, додека кралицата останува нечепната.

Поврзани написи

Loading

„Парите се собираат преку организиран и централизиран систем, кој води до лица кои ги финансираат политичките партии“, обвинува синдикатот. Синдикатот, исто така, тврди дека надлежните за граничните премини се политички заштитени.

„Кралицата е меѓу синдикалните водачи“, возврати претседателот Трајан Басеску, отфрлајќи ги обвинувањата.

Според Алистар, неодамнешните акции можеби се малку задоцнети.

„Овие акции едвај можат да ѝ помогнат на Романија сега во однос на евентуално добар впечаток еден месец пред да се донесе одлуката за нејзиното пристапување во Шенген“, предупреди тој. „За разлика од тоа, се плашам дека стравувањата на Франција и Германија во однос на корупцијата на надворешните граници на ЕУ се потврдени по неодамнешните настани.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар