Српската економија во тешка состојба

07/02/2011

Невработеноста и ниските плати доведоа до протести, но експертите велат дека владата не може да ги зголеми издатоците.

Од Билјана Пекушиќ за Southeast European Times во Белград -- 07/02/11

photo

Десетици илјадници поддржувачи на Српската напредна партија се собраа пред зградата на парламентот во Белград во саботата (5-ти февруари). [Nikola Barbutov/SETimes]

Поткрепен од бранот економско незадоволство, водачот на опозицијата Томислав Николиќ се обрати на големиот митинг во Белград изминатиот викенд, и повика на предвремени избори во Србија.

Ако во следните два месеци не бидат свикани предвремени избори, рече тој, неговата Српска напредна партија (СНС) ќе ја изнесе својата кампања на улиците одржувајќи протести пред зградата на парламентот.

Проценките на оние што присуствуваа на митингот во саботата (5-ти февруари) варираат од 55.000 до 100.000. Каква и да е точната бројка, Николиќ очигледно ја погоди слабата точка. Србите се сé полути поради високата невработеност и малите плати, и сé повеќе ја прифаќаат популистичката порака на „Томо“.

На крајот од минатата година, околу 729.520 луѓе останаа без работа, и стапката на невработеност (26,74%) се зголеми во споредба со 2009.

Незадоволните вработени во јавниот сектор штрајкуваат. Првото напуштање на работните места беше на наставниците во основните и средните училишта, поради што 220.000 ученици не учеа од 28-ми јануари до 5-ти февруари.

„Јас сум наставник по српски јазик во основно училиште и мојата плата е 400 евра“, рече Емилија Вељковиќ. „Ние плаќаме кирија 200 евра, а сметките за домаќинството чинат околу 100 евра. Можам ли да врзам крај со крај и добро да ја работам мојата работа?“

Владата вели дека рацете й се врзани. „Ќе им дадеме сé што имаме“, рече министерот за образование, Жарко Обрадовиќ. „Но, не можеме да обезбедиме пари ако нема во буџетот.“

Премиерот Мирко Цветковиќ предупредува дека зголемените плати во јавниот сектор може да ја зголемат инфлацијата, која изнесуваше 11 отсто на крајот од годината. Економистите гледаат веројатност од континуиран инфлациски притисок како резултат на прекумерните трошења во јавниот сектор, државната интервенција на пазарите и цените, различните монополи и картели, и ослабнувањето на локалната валута.

„Разумно е стравувањето владата, во изборна година, да сака повеќе да потроши отколку да инвестира, што ќе придонесе уште повеќе за трендот на инфлацијата“, рече Стојан Стаменковиќ, од Економскиот институт.

Поврзани написи

Loading

Владата планира да внесе 70 милиони евра од кредити во економијата, со цел да охрабри повеќе купување и да поттикне повеќе работодавачи да вработуваат работници. Но, не сметаат сите експерти дека тоа е вистинскиот пристап.

Економистот Мирослав Здравковиќ изјави за SETimes дека владата треба да се залага за зголемување на производството и извозот, наместо за финансирање на потрошувачката.

„Производството во БиХ се зголеми за 5 отсто, додека во Србија [во] истиот период, се намали за 2 отсто. Индустриска обнова може да се случи само со промена на економскиот систем“, рече тој.

Владата, рече тој, ја пропушти шансата за отворање 20.000 работни места бидејќи не ја спроведе успешно програмата на ММФ за олеснување на домашните и странските бизниси.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар