Пратениците на РС го усвоија контроверзниот закон за државниот имот

16/09/2010

Потегот на парламентот на босанските Срби беше критикуван од некои во меѓународната заедница, но политичарите на ентитетот велат дека морале да сторат нешто.

Од Лилјана Смиљаниќ за Southeast European Times во Бања Лука -- 16/09/10

photo

Високиот претставник Валентин Инзко ја критикуваше Република Српска за усвојувањето на законот за државниот имот. [Getty Images]

Во вторникот (14-ти септември) парламентот на Република Српска (РС) усвои Закон за државниот имот, според кој ентитетот на Босна и Херцеговина (БиХ) ќе ги управува, ќе ги обезбедува и ќе ги заштитува сите форми на имот во рамките на својата територија.

Законот, исто така, одредува дека владата на ентитетот може да го користи државниот имот без надоместок и да им дава одреден имот на општините.

Државниот имот беше привремено забранет за користење по наредба на високиот претставник во 2005 година.

Владата на РС го предложи овој закон бидејќи надлежните комисии што работеа на поделбата на државниот имот во БиХ оттогаш не успеаја да постигнат согласност, рече министерот за правда, Герард Селман.

Како што и се очекуваше, членовите на српскиот и бошњачкиот парламент имаат спротивставени мислења. Србите тврдат дека ЕС има право на ентитет кој ќе го контролира нејзиниот имот; Бошњаците тврдат дека законот го крши уставот на РС, како и Дејтонскиот мировен договор.

„Босанскиот устав е јасен за тоа дека целиот имот на поранешната Социјалистичка Република БиХ преминува на БиХ. Таа [позиција] беше потврдена од највисоките судски институции на земјата. Ова е еден од темелите на Дејтонскиот мировен договор, исто како и структурата од два ентитета“, рече членот на колективното претседателство Харис Силајџиќ.

Официјалните претставници на РС велат дека ја почитуваат БиХ, но не можат да го игнорираат фактот дека земјата се состои од два ентитета, кои дејствуваат на државно ниво. „БиХ има меѓународна позиција заснована на сé она што ентитетите носат со истата“, рече Селман.

Амбасадорите на Советот за спроведување на мирот (ПИК) -- задолжени за спроведување на Дејтонскиот мировен договор -- го нарекоа усвојувањето на законот едностран чин кој „ги поткопува долготрајните обиди за поделба на државниот имот за да им се овозможи на сите нивоа на владата да функционираат“.

Слично на тоа, високиот претставник Валентин Инзко го окарактиризира последниот потег како „сведоштво за контратикторната политика на владејачката коалиција во РС“.

Коалицијата бара затворање на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), но дејствува на начин кој бара контринуирана работа на канцеларијата, загрозувајќи ги шансите за постигнување договор во врска со прашањето на државниот имот, рече Инзко.

Иако усвојувањето на законот сé уште не е финализирано, Инзко рече дека „намерата е јасна“ и „претставува обид да се одвлече вниманието од реалните проблеми“. Тој го наведува прекинувањето на економскиот пад, зголемувањето на вработувањето и враќањето на БиХ на патот на евроатланската интеграција.

Поврзани написи

Loading

ОХР претходно предупреди дека усвојувањето на мерката за имотот само во еден од двата ентитета е спротивно на законот.

Властите на РС одговорија брзо. Претседателот на парламентот Игор Радојчиќ тврдеше дека, со овој закон, РС се приклучува на изнаоѓањето решение. Тој потврди дека ваквите важни прашања не можат да се решат за време на изборна кампања, но рече дека ќе има доволно време за договор по изборите на 3-ти октомври.

Другите српски пратеници го повторија ставот на Радојчиќ, велејќи дека чекале премногу долго за договор и едноставно морале да сторат нешто.

Прифањето на законот за државниот имот меѓу РС, Федерацијата на БиХ и округот Брчко е последниот од условите “5+2“ одредени од ПИК за затворање на ОХР. Додека не биде постигнат договор и ОХР не биде затворена, БиХ не може да ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ или да го активира Акциониот план за членство одобрен од НАТО.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар