Поделба во Санџак

07/09/2010

Немирите и повикот за меѓународни набљудувачи ги нагласија тензиите во бошњачката заедница во западниот српски регион Санџак.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 07/09/10

photo

Министерот за труд, Расим Љајиќ. [Getty Images]

Бошњачкиот национален совет, предводен од муфтијата Муамер Зукорлиќ, ја повика ЕУ да испрати меѓународни набљудувачи во Санџак, тврдејќи дека се кршат „верските и етничките права“.

Повикот од понеделникот (6-ти септември) на советот претставува најнова ескалација во тековната политичка борба во редовите на бошњачката заедница на Санџак. Во политиката таму традиционално доминираат две партии: Демократската партија на Санџак (СДП) на Расим Љајиќ и Партијата за демократска акција (СДА) на Сулејман Угљанин.

Иако Љајиќ и Угљанин се министри во владата, нивните партии се спротивставени и конфликтот ескалираше дури и во физички судири.

По изборите за Бошњачкиот национален совет, непартиско тело, беше оформена и трета политичка сила. Зукорлиќ, кој ја предводи исламската заедница, објави дека ќе го поддржи формирањето нова партија која ќе се бори да ги заштити бошњачките права.

Зукорлиќ ги обвини Љајиќ и Угљанин дека ги занемаруваат интересите на луѓето заради своите министерски места. Двајцата функционери одговорија дека радикализирањето на ситуацијата само ќе им наштети на бошњачките интереси и ќе го фрли Санџак во економска и политичка изолација.

На 4-ти септември, избија судири во Нови Пазар во врска со изградбата на градинка на имот за кој Исламската заедница тврди дека й припаѓа нејзе. Општинската администрација, која исто така вклучува Бошњаци, вели дека тоа е општинско земјиште.

Четворица полицајци беа повредени од фрлени камења кога избија немирите.

По инцидентот, Исламската заедница во Србија повика на забрзување на автономијата на Санџак, и ги повика жителите да покажат солидарност преку „граѓанска непослушност кон режимот и политичките партии кои го поддржуваат режимот“. Истата го обвини Белград дека ги дискриминира Бошњаците и ги поддржува партиите предводени од Љајиќ и Угњанин.

Во меѓувреме, муфтијата Зукорлиќ ги покани белградските власти да отпочнат дијалог со цел да го зачуваат мирот и стабилноста.

Претставникот на партијата на Љајиќ Мехо Омеровиќ ја отфрли идејата за странски набљудувачи во Санџак. „Меѓународните набљудувачи во Санџак нема да видат реални проблеми и дискриминација против муслиманите, туку желбата за власт од страна на муфтијата Муамер Зукорлиќ и Исламската заедница во Србија“, изјави тој за SETimes.

Српската влада не зазеде официјален став за набљудувачите, но министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ вели дека сите „отворени прашања во Санџак треба да се решат низ разговори“.

„Полицијата не е тука да ги решава верските и политичките проблеми; тоа е работа на некој друг“, додаде тој.

Јан Банкрофт, основач на организацијата Трансконфликт, изјави за SETimes дека прашањето на Санџак треба да се реши првично преку договор во рамките на бошњачката заедница.

Поврзани написи

Loading

„Санџак е скоро единствен на Балканот бидејќи примарниот конфликт не е меѓуетнички, туку внатреетнички“, рече Банкрофт. „Обидите на Зукорлиќ за мешање на верата и политиката -- што беше олицетворено на неодамнешните избори во советот на бошњачкото национално малцинство -- претставуваат предизвик за стабилноста на регионот.“

„Во обид за менување на контурите на политичкиот простор во кој традиционално доминираа СДА и СДП, Зукорлиќ упати уште погласни и порешителни апели за религиозната верба и симболизам“, рече тој.

Според Банкрофт, помали судири можат сé уште да се очекуваат во Санџак. „Сепак, ситуацијата ... не е паралелна со Косово бидејќи, прво, на ставот и пристапот на Зукорлиќ се спротивставуваат многумина Бошњаци и, второ, бидејќи српската влада нема да интрвенира со сила како што се надева Зукорлиќ“, рече тој.

„Наместо тоа, српската влада -- поддржана од меѓународната заедница и особено ОБСЕ -- мора да работат на унапредување на граѓанските политички платформи, меѓурелигискиот дијалог и економскиот развој“, рече Банкрофт.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар