30/07/2010
Штрајкот на камионџиите против владините планови за либерализација на транспортната индустрија влегоа во својот петти ден во петокот.
(ДПА, еКатимерини, Гардијан, Ајриш тајмс, новинска агенција Фокус - 30/07/10; AП, Ројтерс, ДПА, ФТ, ББС, Гардијан, АНА-МПА - 29/07/10; АНА-МПА, еКатимерини - 28/07/10)
![]() Камионџиите се наредија на автопатот Атина-Солун во четвртокот (29-ти јули). [Getty Images] |
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во четвртокот (29-ти јули) посочи дека неговата влада нема да потклекне под притисокот на сопствениците на камиони и цистерни за гориво што штрајкуваат и ќе ги спроведе своите планови за отворање на патната транспортна индустрија за конкуренција.
„Ние сметаме дека либерализацијата на работните места е нешто што им помага на младите; ослободувањето на пазарот ја отвора можноста за подобри услуги, а тоа е основно за отворање на патот за раст“, рече шефот на владејачката централно-левичарска партија ПАСОК на состанокот на владата.
Либерализацијата на заштитените сектори, вклучително и патната транспортна индустрија, е меѓу серијата големи реформи што владата на Папандреу мора да ги спроведе за да добие средства од земјите на еврозоната и ММФ, во рамките на планот финансиска помош од 110 милијарди евра, објавен во мај.
Мисијата од 30 членови на инспектори од ЕУ, ММФ и Европската централна банка допатува во Атина во понеделникот да го процени спроведувањето на мерките кои Грција се согласи да ги преземе за да избегне потенцијален суверен пропуст. Експертите во четвртокот ја завршија својата посета и сега се очекува да издадат извештај со своите заклучоци.
Болните мерки на штедење и реформи кои Грција беше принудена да ги преземе доведоа до постојани штрајкови и протести во изминатите неколку месеци.
Сопствениците на камиони и цистерни за горови објавија штрајк без определен крај во понеделникот. Околу 33.000 шпедитери ги напуштија работните места во знак на протест поради владината мерка за отворање на патниот транспортен сектор за конкуренција со намалување на цените на новите лиценци.
Моментно, само возилата со државна лиценца имаат дозвола да пренесуваат стока, вклучително и гориво, во Грција, каде што не се издадени нови лиценци од 1986 година, според Фајненшал тајмс.
Операторите во секторот велат дека трошоците што ќе бидат воведени со новата легислатива ќе бидат многу пониски од сумата од 300.000 евра што мораа да ја плаќаат за да влезат на пазарот. Едно од барањата што ги поставија како услов за ставање крај на нивниот штрајк е владата да го одложи секое гласање за предлог-законот до крајот на август.
Штрајкот ги испразни бензиските пумпи низ целата земја, и повеќе од 70 отсто од бензинските пумпи беа, наводно, затворени во четвртокот поради недостаток на гориво. Штрајкот, исто така, ја погоди туристичката индустрија која се соочува со проблеми и предизвика голем недостаток на свежи производи.
Во средата, Папандреу издаде ретка наредба за враќање на работа, заканувајќи им се со апсење на оние што нема да ја почитуваат.
Но, тие не ја испочитуваа и околу 500 камионџии се собраа пред Министерството за транспорт во четвртокот протестирајќи. Некои се обидоа да влезат во зградата, што доведе до краткотраен судир со полицијата, која употреби солзавец за да ја растера толпата.
Камионџиите што штрајуваа и министерот за транспорт, Димитрис Репас, направија последи обиди доцна во четвртокот за постигнување компромис, но обидот не успеа. Генералното собрание на камионџиите требаше да одлучи во петок дали ќе продолжи со штрајкот или ќе го одложи.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's