29/07/2010
Српскиот Уставен суд ги укина повеќето одредби на Законот за јавно информирање, истакнувајќи дека драконските казни ја загрозуваат слободата на печатот.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 29/07/10
![]() Судската одлука „беше единствената можна“, рече Иван Цвејиќ од новинската агенција Бета. [Игор Јовановиќ/SETimes] |
Парламентот пред 11 месеци го усвои Законот за јавно информирање, но на 22-ри јули Уставниот суд на Србија ги поништи повеќето негови одредби -- првенствено оние кои наметнуваат остри казни за медиумите кои ги кршат правилата.
Судот истакна дека контроверзните одредби ја загрозуваат слободата на говорот.
„Заканата од огромни казни може да го доведе во прашање преживувањето на медиумите и, што е пострашно, може да предизвика автоцензура, бидејќи ниту основачот, ниту вработените во медиумот нема да бидат ослободени од грижата дали ќе бидат казнети за она што го кажале слободно“, рече судијката Весна Илиќ-Прелиќ, читајќи ја судската одлука.
Главниот уредник на новинската агенција Бета, Иван Цвејиќ, рече дека одлуката на Уставниот суд „беше вистинска и единствена можна, но владата најверојатно нема да научи ништо од неа, бидејќи нејзините првични мотиви за усвојување на меѓународното право не беа да ја подобри средината за работата на медиумите“.
„Новинарите можат да бидат задоволни од судската пресуда, но општата атмосфера за медиумите, за жал, ќе остане многу лоша. Пред сé поради екстремно лошата економска ситуација, но и поради политичкиот и економскиот притисок“, изјави Цвејиќ за SETimes.
Заменик-претседателката на Независното здружение на новинари на Србија, Јелка Јовановиќ, рече дека законот „го отвори патот за уредничка цензура и новинарска автоцензура, особено со оглед на атмосферата на страв создадена за време на усвојувањето на законот“.
„Треба да се усвои закон за медиумите кој ќе ги опфати професионалните стандарди и ќе спречи сопственички монопол, што е најголема пречка за слободата на медиумите“, изјави Јовановиќ за SETimes.
Владата нема коментар по одлуката на судот, иако некои пратеници повикаа на оставка на министерот за култура, Небојша Брадиќ, како министер задолжен за медиумите.
Владејачките партии, пак, ја отфрлија одговорноста за усвојувањето на законот кој беше прогласен за неуставен. Портпаролката на Демократската партија, Јелена Триван, ги отфрли обвинувањата дека законот бил усвоен за да се задоволат некои членови на владата.
„Точно е дека разговори за законот беа водени во владејачката коалиција, но беше постигнат консензус и владата застана зад законот кој, за жал, како што можам да кажам од оваа дистанца, беше тогаш усвоен. Уставниот суд ги укина одредбите како неуставни и тоа е доказ оти новинарите имаат право да критикуваат“, изјави Триван за новинарите.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's