Ширењето на вахабизмот предизвикува загриженост во БиХ

29/07/2010

Ширењето на радикалниот вахабистички ислам меѓу некои Бошњаци и понатаму е причина за загриженост.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево -- 29/07/10

photo

Вахабистите ја нападнаа полициската станица во Бугојно минатиот месец. [Getty Images]

Терористичкиот напад на полициска станица во централниот босански град Бугојно на крајот од минатиот месец -- при кој загина полицаецот Тарик Љубушкиќ, а шестмина други беа ранети -- ја покажува тензијата што ја предизвикува малата, но сé поагресивна, вахабистичка заедница.

Тековната истрага откри дека осомничениот за бомбашкиот напад Харис Чаушевиќ и организаторот Насер Палисламовиќ имаат долготрајни врски со радикалната исламистичка секта, како и тројцата други осомничени кои беа уапсени.

Терористичката ќелија, наводно, извршила напад бидејќи се противи на популарниот муслимански собир во Ајватовица за оддавање почит на верско лице од минатото.

„Мислам дека главната цел на вахабистичкото движење е да се создаде верска држава прифатлива само за муслиманите -- без Србите и Хрватите“, изјави премиерот на БиХ Никола Шпириќ за локалните медиуми овој месец.

Властите на Република Српска (РС) предупредија за слични терористички напади од радикалните исламисти, кои добиваат финансиски средства од Саудиска Арабија и Иран. Властите, исто така, предупредија дека акциите на групата може да имаат негативни последици за европската интеграција на БиХ, вклучително и визната либерализација.

Во меѓувреме, босанските медиуми долеваат масло на огнот отворено критикувајќи ја исламската заедница во земјата и нејзиниот голем муфтија Мустафа Ефенди Чериќ, за тоа што не се дистанцираа доволно од Вахабистите.

Исламската заедница ги отфрла обвинувањата, повикувајќи ја владата да преземе решителни мерки низ цела БиХ. Целта на Вахабистите е „да предизвика недоверба, страв и загриженост, да не одвлече од ... [евроатланските] интеграции“, вели заедницата.

И покрај уверувањата, еден Бошњак кој говороеше за SETimes рече дека луѓето се исплашени. „Економските проблеми се усложнети со омразата и агресивната вахабистичка пропаганда“, рече тој, жалејќи поради успехот во привлекувањето незадоволни млади Бошаци.

„По правило, тие потекнуваат од сиромашни семејства со внатрешни проблеми и конфликти и се психички нестабилни луѓе. Таков е случајот со [осомничениот бомбаш Чаушевиќ].“

Поврзани написи

Loading

Други веруваат дека етничката поделеност на земјата им дава можност на вахабистите.

Маријана Грабовац (56) го опиша Бугојно како „поделен град“ во кој католиците и Бошњаците одат во различни кафулиња. „Поделеноста е распространета и на работните места и во секојдневниот живот и комуникацијата“, изјави таа за SETimes.

„Ако не се направи нешто итно на државно ниво, дури и ова малку соживот што остана меѓу католиците и муслиманите ќе се уништи“, рече жителот на Бугојно Иван Будимир.

Владата се чини дека ја сфати сериозно загриженоста. Министерот за безбедност, Садик Ахметовиќ, вети решително дејствување, велејќи дека нападот алармирал за „ставање на целото вахабистичко движење под контрола“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар