28/07/2010
Новиот командант на штабот на НАТО во Сараево разговараше со SETimes за патот кон членството во НАТО.
Од Владо Кос за Southeast European Times во Сараево – 28/07/10
![]() Американскиот армиски бригаден генерал Дејвид Енјарт. [НATO] |
Американскиот армиски бригаден генерал Дејвид Енјарт ја презеде командата на штабот на НАТО во Сараево на 10-ти јуни -- само два месеци откако министрите за надворешни работи на Алијансата дадоа условно одобрение за Акциониот план за членство (МАП) на Босна и Херцеговина (БиХ).
Но, БиХ мора најпрво да го реши прашањето на доделувањето различен одбранбен имот меѓу двата ентитета. Енјарт разговараше со дописникот на SETimes Владо Кос за тоа како земјата може да ја оствари оваа цел.
SETimes: По условниот МАП на БиХ, како гледате на политичката клима во земјата? Дали е доволно да се постигне договор за недвижниот одбранбен имот?
Бригадниот генерал Дејвид Енјарт: БиХ работи на придвижување кон членството во НАТО ... многу години. Ова покажува дека потребниот долгорочен политички ангажман и консензус постои низ целата земја. Во политичката клима на БиХ сега доминираат престојните [октомвриски] избори. Потребата да се задоволи последниот услов за МАП е во сенка на изборите, и резолуцијата за сопственоста на одбранбениот имот е сега политичко прашање.
Сепак, ова не е време да се изгуби движењето напред со погрешното верување дека БиХ е веќе активна во МАП. Активностите во МАП се засновани на Годишната национална програма (АНП) и НАТО предвиде дека БиХ не може да ја почне својата прва АНП додека не се реши прашањето со одбранбениот имот. БиХ може да го исполни едниот услов кој НАТО го примени, но одговорноста лежи во политичките водачи на БиХ.
SETimes: Разговорите за МАП се буквално непостоечки. Може ли да објасните зошто се кажува толку малку?
Eнјарт: Можеби има малку јавна дискусија, но во рамките на владата работата дефинитивно оди напред за изготвување на АНП. Ова го прави Координативниот тим на НАТО во Советот на министри на БиХ. Има значително преклопување меѓу програмите на НАТО на кои БиХ веќе работи и АНП.
Конкретно, содржината на кој било иден АНП ќе биде слична на работата која веќе се извршува во рамките на Акциониот план за индивидуално партнерство (ИПАП). БиХ треба да биде подготвена да продолжи со работата во рамките на ИПАП ако прашањето на одбранбениот имот не е решено до почетокот на следниот циклус на МАП во септември.
SETimes: Каква улога ќе има штабот на НАТО во Сараево за олеснување на разговорите за недвижниот одбранбен имот?
Eнјарт: Штабот на НАТО во Сараево работи со Министерството за одбрана и другите фактори со цел да помогне во решавањето на ова прашање и ние сме подготвени да го поддржиме овој напор. Ние помагаме во истражувањето на тапиите и документацијата за да се подготви имотот за законско предавање на владата или ентитетите. Ние, исто така, изготвивме предлог меѓувладин договор за да помогнеме во решавањето на овој последен чекор со цел БиХ да го активира МАП. Ние се надеваме дека БиХ може да се придвижи напред и да го направи ова главен приоритет.
SETimes: Ја презедовте командата на штабот на НАТО во Сараево од друг американски претставник. Што кажува континуираното присуство на американски командант на штабот на НАТО за иднината на посветеноста на Алијансата на стабилноста на БиХ?
Eнјарт: Во време кога нашите воени ресурси се под голем притисок, континуираното учество на Соединетите Држави во штабот на НАТО во Сараево покажува за колку важна ја сметаме стабилноста на Западен Балкан и Босна и Херцеговина како клучни фактори во европската безбедност.
Но, да појаснам, ова не е американска мисија. Единствениот карактер на НАТО е во неговата способност да ги поврзува Европа и Северна Америка и нашиот штаб во Сараево претставува одличен пример за таа споделена визија.
SETimes: Зошто треба Република Српска (РС) да го поздрави членството во НАТО за БиХ?
Eнјарт: Користа од пристапувањето во НАТО е подобрена национална и регионална безбедност, стабилност, економски развој, и попрофесионална и рентабилна војска, зајакнати демократски институции и приближување до членството во ЕУ. Оваа корист е докажана во изминатите 60 години и од 28 различни земји-членки. Луѓето што живеат во РС може да ги очекуваат истите подобрувања на нивниот животен стандард.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's