Косово: Сеќавање на годишнината

18/06/2010

Поминаа 11 години откако силите на НАТО влегоа во Косово, на крајот од конфликтот со српските сили. Двајца кои ги искусија тие времиња -- Албанец и Србин -- ги споделуваат своите сеќавања.

Од Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина -- 18/06/10

photo

Етнички Албанец во бегалски камп за време на косовскиот конфликт. [Фотографијата е добиена со љубезна согласност на Eмине Бериша]

„Замислете, одеднаш губите сé: вашиот дом, вашиот град, вашето семејство, дури и вашите документи за лична идентификација“, вели Емине Бериша. Таа се сеќава на ситуацијата пред 11 години, кога илјадници етнички Албанци беа протерани од Косово од страна на силите на Слободан Милошевиќ.

Бериша (42) беше меѓу нив. Како новинар за Бујку, единствениот весник на албански весник во Косово во тоа време, таа пишуваше за растечкиот број бегалци. Потоа и самата стана бегалец.

„Ги изнесував нивните приказни пред јавноста, до моментот кога полициска единица ме избрка мене и моето семејство на ничија земја меѓу Косово и Македонија. Останавме таму седум дена, на отворено, пред да можеме да влеземе во Македонија“, се сеќава таа.

Таа ги опишува емоциите што ги почувствувала во тоа време: „болка, страв, загриженост за семејството и пријателите, слабост и понижување, неправдна и недоверба“. Бркањето од дома, вели таа, ве прави да се чувствувате како некој кој нема минато и нема иднина.

На 10-ти јуни 1999 година силите на НАТО ја презедоа контролата по капитулацијата на Милошевиќ. Датумот враќа спомени меѓу оние кои го искусија конфликтот.

„Потпишувањето на [мировниот договор] ми донесе зрак надеж, но не бев еуфорична“, се сеќава Бериша. „Белград потпиша многу договори претходно и ги прекрши подоцна. Чекав да ја видам српската армија и полиција да излезат од Косово и да влезат војниците на НАТО, за да можам да поверувам дека договорот ќе биде реалност.“

Додека била во кампот за бегалци, Бериша гледала телевизиски извештаи за влегувањето на војниците на НАТО во Косово. Таа конечно почнала да се чувствува безбедна. Денес, таа работи во истата канцеларија како и Бранимир Костиќ, 44-годишен Србин. Историјата ги преплете нивните одделни приказни, но нивните сеќавања и перспективи се различни.

„Јас сум збунет. Кога првите авиони на НАТО прелетаа над Ѓаково ... стариот комплекс на Чаршијата [беше изгорен]. Сите мои животни планови беа поврзани со Ѓаково. Гледајќи го соседството во пламен, јас бев исплашен“, вели Костиќ.

Поврзани написи

Loading

Тој служел во резервната единица на армијата на Србија и Црна Гора 80 дена. Тој вели дека не направил ништо погрешно и не чувствува вина.

„Но, ми е жал за она што видов. Убеден сум дека ако политиката на официјален Белград беше различна, бомбардирањето немаше да се случи. Како и секој друг косовски Србин, сé уште се потресувам понекогаш околу фактот дека Косово повеќе не е Србија

„Од друга страна, ако тоа значи дека нема повеќе да има насилство и убиства во Косово, сé се чини полесно“, додава тој.

Костиќ сега живее во Митровица, во северно Косово. Од крајот на конфликтот, тој се чувствува како странец, како бегалец. „Каде и да одам, ќе се чувствувам дека сум од Ѓаково.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Армиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуацииАрмиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуации

Експертите и официјалните претставници се согласуваат дека соработката помеѓу вооружените сили се покажува како скапоцена во справувањето со природните непогоди.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Војските во Југоисточна Европа работат заедно да им помогнат на граѓаните во соседните земји во вонредни ситуации и катастрофи. Дали ги поддржувате дополнителните вежби за соработка за поддршка на оваа мисија?

Да
Не
Не знам