14/06/2010
По разочарувањето од поразот во неделата од Гана, српскиот тренер Радомир Антиќ ветува нов пристап.
Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград -- 14/06/10
![]() Немања Видиќ од Србија реагира на одлуката за казна против неговиот тим за време на натпреварот од групата Д на ФИФА Светското првенство 2010 меѓу Србија и Гана на стадионот Лофтус Версфелд, во неделата (13-ти јуни) во Преторија, Јужна Африка. [Getty Images] |
Српската репрезентација изгуби од Гана со 0:1 во неделата (13-ти јуни), на својот прв натпревар од Светското првенство во групата Д, што значително й го отежна напредокот во вториот круг од првенството.
„Момците ни ветија дека ќе дадат сé од себе на теренот, но поголем дел од времето гледавме неколку исплашени лица без јасна идеја како да нападнат. Гана не играше толку добро, но играше силно и ја задржа својата позиција“, изјави за SETimes разочараниот навивач Небојша Килибарда.
Тактиката на тренерот Радомир Античќ можеби звучи теоретски добро -- да се победи Гана преку брзи контранапади потпирајќи се на крилните играчи -- но во Преторија тимот се соочи со поинаква реалност. Српските играчи од средината неуспешно се обидуваа да постигнат гол преку долги подавања до напаѓачите, додека Гана ги предизвикуваше Србите преку контранапади.
Крилата Милош Красиќ и Ненад Милијас се бореа да ја контролираат топката пред изворедната одбрана на Гана, и не можеа да создадат ниту една значајна можност во првите 20 минути. Одбраната на Гана ги остави српските напаѓачи Никола Жигиќ и Марко Пантелиќ со малку простор за маневрирање.
Жигиќ, кој е висок 202 см., беше всушност онеспособен да дејствува, додека неговиот колега Пантелиќ ја доби топката само во неколку прилики. Дури откако Жигиќ беше заменет со напаѓачот Данко Лазовиќ во 69-тата минута, српската одбрана почна да го фаќа својот ритам.
Во меѓувреме, српските одбранбени играчи ги држеа крилните напаѓачи на Гана. Со нерешена игра на натпреварот, грешките и казните на крајот ја направија разликата. Александар Луковиќ доби жолт картон за лизгачки старт во 54-тата минута, а 20 минути подоцна тој беше исклучен за грапчење на противникот.
Со еден играч помалку, српската страна ја интензивираше играта. Но, ветрот во грб им беше одземен во 83-тата минута, кога Зравко Кузмановиќ ја употреби раката за да го одбие подавањето на Гана во српското поле.
Тоа й даде на Гана пенал удар и Асмоа Гјан го запечати резултатот, давајќи й на Гана водство од 1:0 неколку минути пред крајот. Скршениот Кузмановиќ јавно се извина за глупавата грешка.
Србија сега има тешка борба пред себе ако сака да излезе од групата Д. В петок тимот игра со силно фаворизираната Германија -- која ја покажа својата експлозивна сила во неделата, поразувајќи ја Австралија со 4:0.
Антиќ се обиде со позитивна тактика, велејќи дека натпреварот со Гана „е веќе зад нас“ и дека тимот се подготвува да се соочи со Германија. Тој објасни дека поразот „не принудува да примениме поразличен пристап, бидејќи на преостанатите натпревари мораме да добиеме поени“.
„Ветувам дека ништо не е завршено“, рече Антиќ
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's