Отвореното првенство на Србија не се повтори

12/05/2010

Финалниот натпревар на Отвореното првенство на Србија беше соочување на двајца Американци, откако алергиите го исфрлија Новак Ѓоковиќ од натпреварот.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 12/05/10

photo

Сем Квери победи на Отвореното првенство на Србија во неделата (9-ти мај). [Никола Барбутов/SETimes]

Второто годишно Отворено првенство на Србија заврши во неделата (9-ти мај) во Белград. Десетици илјадници обожаватели од целиот свет дојдоа да ги видат најдобрите од меѓународниот тенис како се борат за трофејот.

Но, ѕвездата на шоуто, рано се повлече. Здравствените проблеми го принудија шампионот Новак Ѓоковиќ, кој моментно е рангиран како број два тенисер на светот, да се повлече од четвртфиналето.

„Алергиите се голем проблем за мене“, им рече Ѓоковиќ на новинарите, предавајќи му го натпреварот на земјакот Филип Крајиновиќ. „Ќе морам да се одмарам пред подготовките за Роланд Гарос и Вимблдон.“

Ова беше удар за неговите легии српски навивачи. „Многу ми е жал што Новак мораше да го предаде натпреварот“, рече студентката Милица Васиќ, која дојде од Нови Сад на турнирот во Белград. „Се надевав на негов триумф на турнирот, така што за малку ќе заплачев кога се откажа.“

„Му посакувам брзо заздравување и уште многу победи“, изјави таа за SETimes.

На финалниот натпревар се соочија двајца Американци -- Сем Квери и Џон Иснер. Двајцата се честопати дабл партнери.

Поврзани написи

Loading

Во неделата Квери преживеа меч поен и заздравувајќи го порази Иснер со 3:6, 7:6 (4), 6:4.

Овогодинешното Отворено првенство на Србија донесе 32 играчи во категоријата синглови -- вклучително и светски рангираниот швајцарски играч Станислав Вавринка и Хрватот Иво Карловиќ. Братот на Новак, Марко Ѓоковиќ, беше меѓу учесниците, но беше елиминиран во првата рунда.

Шеснаесет парови учествуваа во категоријата даблови, при што Спаниард Сантиаго Гонзалез и Американецот Травис Ретенмаер ги поразија Полјаците Томаж Беднарек и Матеуж Ковалжик во финалето.

Поранешниот врвен тенисер, кој неодамна ја заврши својата тениска кариера, Русинот Мурат Сафин, беше промотор на првенството. Наградите изнесуваа 424.950 евра, при што во девет дена се одиграа 74 натпревари.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар