Maкедонија ќе го предвори престижниот комитет на СоЕ

27/04/2010

Додека властите се обврзуваат дека ќе ја продолжат работата на Советот во врска со промовирањето на човековите права и демократијата, веќе избувна расправија со Грција поради името кое ќе се користи за претседателството.

Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 27/04/10

photo

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд (лево), се состана со премиерот Никола Груевски (во средината) во Скопје. [Toмислав Георгиев/SETimes]

За првпат во својата историја, Македонија ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа (СоЕ), почнувајќи во мај. Тоа ќе биде второ претседавање од висок профил на земјата, по она на високиот дипломат Срѓан Керим во 2008 година, како претседател на Генералното собрание на ОН.

За време на априлската посета на Скопје, каде што се состана со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, генералниот секретар на СоЕ, Торбјорн Јагланд, рече дека Македонија ќе претседава во време на клучна фаза од развојот на Советот -- која почна со стапувањето на сила на Лисабонската спогорба.

Тој рече дека очекува успех, со оглед на кредибилитетот што Македонија го стекна со преземањето на реформите.

Милошоски ја потврди подговеноста на својата земја да продолжи со работата на актуелниот претседавач на Советот, Швајцарија, со цел зајакнување на демократијата, владеење на правото и човековите права, како што е утврдено на Третиот самит на Самитот во Варшава во 2005 година.

Тој рече дека претседавањето „треба да биде препознатливо по реформите, приоритетите, конференциите и постигнувањата. Можеме да го направиме ова заедно со сите земји-членки, вклучително и Грција“.

Но, Грција е веќе во судир поради одлуката на својот сосед да го користи „Македонско претседателство 2010“ како официјално именување за својот мандат на чело на СоЕ.

„Ваквите потези го прават процесот на преговори во рамките на ОН потежок, и во практиката, ги отфрлаат грчките напори за создавање позитивна клима меѓу двете држави во решавањето на спорот околу името“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Грегорис Далавекурас.

Атина тврди дека резолуциите на СоЕ бараат употреба на привременото име „поранешна Југословенска република Македонија“.

Maкедонскиот претседател Ѓорге Иванов го отфрли тој став, велејќи дека Грција треба да се соочи со реалноста и да го признае постоењето на македонската држава и нација.

„Постојат принципи во Советот на Европа според кои таа институција функционира како меѓународна организација“, рече тој. „Ние, како претседавачи, ќе сториме сé за да придонесеме за реформите на Советот“.

На својот состанок со Иванов и премиерот Никола Груевски, Јагланд потврди дека Советот ќе ја почитува одлуката на македонската влада да го користи именувањето „Македонско претседателство 2010“.

„Ја сфаќам чувствителноста на прашањата ... [но] но јас не сум тој што ќе му дозволи некому да го користи ова или она име. Морам да ги следам одлуките на организацијата што ја водам“, објасни Јагланд.

Повеќето Македонци се чини дека сметаат оти престојното претседавање претставува важен чекор во унапредувањето на евроатланската интеграција на нивната земја.

Поврзани написи

Loading

Јулијана Ангелова од Скопје го сумираше широкото мислење: „Ова претставува одлична шанса да се промовира земјата и нејзините ставови. Сигурна сум дека Македонија ќе има полза од ова претседавање на најдобар можен начин“.

Сања Зографска Крстевска, координатор на македонското претседателство, изјави за SETimes дека нејзината земја ќе се фокусира на „борбата против корупцијата, обезбедувањето континуирана ефикасност за [спроведувањето] на Европската конвенција за човековите права и придонесите на земјите-членки во реформата на Европскиот суд за човекови права“.

Приоритетите, исто така, вклучуваат иницирање дебата и спроведување на социјалното вклучување на сите маргинализирани групи во многу европски држави, како и поголема вклученост на младите, со акцент на Ромите.

Советот има 47 земји-членки, од кои секоја претседава со организацијата во период од шест месеци. Следното македонско претседавање со Советот ќе биде во 2033 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар