Командант на КФОР: „Нема да има безбедносен вакуум во Косово“

19/03/2010

Иако косовските институции презедоа нови ингеренции, КФОР останува посветено на гарантирањето безбедно опкружување. Нема да се преземаат преуранети чекори, изјави за SETimes генерал Маркус Бентлер.

Од Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина -- 19/03/10

photo

Во моментов безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна, вели командантот на КФОР, генерал Маркус Бентлер. [КФОР]

Во Косово има скоро 9.800 војници на НАТО, од 25 членки на Алијансата и седум држави кои не се членки, познати колективно како КФОР. Војниците ја здобија и ја одржаа почитта на локалното население.

Нивниот актуелен командант -- германскиот генерал-полковник Маркус Бенлтер -- инсистира на тоа дека КФОР ќе продолжи да „ја гарантира безбедноста на целиот народ на Косово, соработувајќи тесно со локалните власти и меѓународните организации“.

Во ексклузивното интервју за SETimes, Бентлер говореше за тоа како ќе работи КФОР на исполнувањето на целта.

SETimes: НАТО ги намали своите сили во Косово на нешто помалку од 10.000. Дали е тоа доволно за да се заврши работата?

Генерал-полковник Маркус Џ. Бентлер: Во моментов КФОР ја смета безбедносната состојба во Косово за мирна и стабилна. Актуелното приспособување на бројот на војниците претставува знак за довербата. За да се задржи високото ниво на флексибилност и способност да се реагира на секоја закана по безбедноста и сигурното опкружување, КФОР редовно спроведува вежби во сите делови на Косово. Во процесот на приспособување на војниците, нема да се преземаат преуранети или неодговорни чекори и нема да има безбедносен вакуум во Косово.

SETimes: Какви се вашите односи со Косовските безбедносни сили? Како би ги дефинирале силите?

Бентлер: Косовските безбедносни сили (КБС) се невоена, лесновооружена, мултиетничка, двополова организација за помош во катастрофи. Истата ќе обезбедува единствени способности за одговор на вонредни состојби, уништување на експлозивни направи и цивилна заштита.

КБС веќе ја докажаа зголемената компетентност како организација за цивилна заштита и хуманитарна помош, спроведувајќи операции во Албанија за време на неодамнешните поплави. Постои значителен интерес од страна на претставниците на различни малцински заедници да се приклучат на овие мултиетнички сили.

SETimes: Привремено ја прекинавте соработката со КБС. Зошто?

Бентлер: [На 6-ти март], КФОР привремено ја прекина поддршката, менторството и обуката на КБС. Овој потег [кој траеше една недела] беше преземен како одговор на појавувањето на вооружена почесна гарда на КБС во воен стил за време на церемонијата на Комеморацијата за мачениците на 6-ти март. Ова е недоследно на невоениот статус на КБС. Знамето на НАТО беше, исто така, подигнато за време на церемонијата. Тоа е неприфатливо, бидејќи статусот на КФОР е неутрален.

SETimes: Како беше подобрен односот?

Бентлер: По прекинувањето на поддршката на КФОР за Косовските безбедносни сили, претседателот и премиерот работеа со [командата на КФОР] на задоволително решение за прашањата за кои станува збор. Новиот договор го опфаќа користењето на церемонијалната единица на Косовските безбедносни сили, која ќе биде изложена со демилитаризирано оружје кога за тоа ќе се постигне договор. Беше подвлечено дека КБС ќе немаат одбранбена или воена улога, затоа што таа улога ја извршува КФОР. продолживме со обуката и менторството на 10 март.

SETimes: КФОР сé уште обезбедува некои места на косовските Срби од верска и историска важност. Кога косовската мултиетничка полиција ќе може да биде задолжена за тоа?

Бентлер: Локалните институции се подготвени да преземаат сé повеќе и повеќе надлежности. Еден клучен елемент на мисијата на КФОР е зајакнувањето на локалните безбедносни институции за да можат да ги преземаат задачите постепено, во согласност со нивните докажани способности. Заштитата на верското и културното наследство во Косово како вреден имот, е одговорност на сите луѓе во Косово, додека нивната заштита влегува во рамките на надлежностите на КФОР за гарантирање безбедно и сигурно опкружување.

Косовската полиција (КП) е подготвена да ја преземе одговорноста за полициските задачи што претходно ги спроведуваше КФОР. Општо гледано, КФОР ги координира релевантните аспекти на својата мисија со институциите во Косово и се поврзува со КП преку ЕУЛЕКС. ЕУЛЕКС е одговорен за следењето, менторството и советувањето на КП.

Видовме дека косовската полиција е способна и сака да извршува многу задачи. На пример, може да се спомене добрата работа што КП ја заврши во гарантирањето на безбедноста на неодамнешните локални избори. КФОР ги одржува контактите со сите агенции релевантни за безбедносните прашања на редовна основа, на пример, КП, ЕУЛЕКС и надлежните министерства.

SETimes: Дали е Србија воена закана за Косово?

Бентлер: КФОР не гледа никаква закана од надвор за Косово. Областа која е под надлежност на КФОР е ограничена со Косовската административна гранична линија [АБЛ] и ние сме посветени на гарантирањето безбедно и сигурно опкружување, како и на слободата на движењето за сите во Косово. Според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, КФОР обезбедува подеднакво ниво на безбедност низ цело Косово. Ние остануваме непристрасни и никогаш не учествуваме, ниту коментираме за политичките прашања, сé додека тие не претставуваат [закана] по безбедноста и сигурноста.

SETimes: Дали паралелните структури на север, поддржани од Белград, претставуваат закана за целокупната безбедност?

Бентлер: Постоењето на паралелните структури е политички прашање. Во согласност со својот мандат, КФОР обезбедува стабилни сигурносни услови, во кои политичките прашања можат и треба да се решаваат од страна на релевантните засегнати страни. Секое повторување [или] рефлектирање на административните структури нема никаква вредност. Напротив, истото може да доведе до непожелни резултати, па дури и да го расипе влијанието на двете структури. Ако, на пример, не постои единствен судски систем, законската безбедност или јасноста на правните прашања, не може да се обезбеди.

Политичката злоупотреба на т.н. „паралелни структури“, како и политичкото агитирање поврзано со истите, може да биде закана по безбедното и сигурното опкружување и затоа не може да се толерира од КФОР. Затоа, КФОР исто така внимателно ја следи ситуацијата во областите каде што оперираат т.н. паралелни структури, ако се појави некаква закана по безбедното и сигурното опкружување. КФОР е во тесни врски со сите релевантни меѓународни и локални фактори и ја поддржува нивната потрага по политички решенија во рамките на својот мандат. Ако биде загрозена безбедната и сигурна средина на народот во Косово, КФОР ќе биде подготвен да преземе соодветни мерки против таа закана.

SETimes: Како ја контролирате границата со Србија на север?

Бентлер: КФОР има многу добра соработка со соседните држави, [како што се] поранешната југословенска република Македонија, Албанија, Црна Гора, но исто така има и многу добра техничка соработка со Србија, во врска со административната гранична линија. Ние имаме редовни состаноци со Србија на техничко ниво. Ја контролираме границата со [КФОР и КП] и синхронизираните патроли на (КФОР и српските сили).

Контролата на луѓето и стоката кои ја преминуваат границата е полициска задача и не го засегнува КФОР. Како овие задачи ќе бидат извршени долж административната гранична линија, ќе биде договорено, исто така, меѓу релевантните актери. КФОР ќе се вклучи само ако и кога безбедноста на луѓето во Косово е загрозена.

SETimes: Повеќето луѓе во Косово и понатаму му веруваат на КФОР повеќе отколку на кое било друго локално тело. Сепак, има војници во КФОР од државите кои не го признаваат Косово како држава. Дали е тоа проблем?

Бентлер: [Признавањето] не влијае на мандатот на КФОР или позицијата на мисијата во целина, во врска со статусот на Косово. Во однос на признавањето на локалното население, јас верувам дека КФОР, како израз на Алијансата, на која й се верува, се доживува само и единствено како хомогена единица. Војниците на КФОР се секогаш посветени на непристрасниот став на нашата организација.

Поврзани написи

Loading

SETimes: Косово јасно ги искажа своите аспирации за евроатланска интеграција. Како гледате на изгледите за интеграција на Косово во овие евроатлански структури?

Бентлер: КФОР не е активно вклучен во решавањето на прашањето на статусот. Тој се воздржува од учество во какви било разговори за политичките прашања.

SETimes: Какво е вашето мислење за иднината на Косово воопшто?

Бентлер: Јас сум голем оптимист. Во изминативе десет години заедно постигнавме многу, особено во областа на безбедноста. Ова е предуслов за напредок во другите области: економскиот и политичкиот развој. КФОР и понатаму ја обезбедува потребната поддршка, купувајќи драгоцено време за преостанатите предизвици кои треба да се решат на мирен начин.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар