ММФ даде зелено светло за заем од 350 милиони евра за Србија

18/03/2010

ММФ даде високи оценки за неодамнешните економски остварувања на Србија, кои се доволно добри за нов стенд-бај заем. Но, Србија мора да стори повеќе за надминување на својата криза и исполнување на условите поставени од Фондот, велат претстабниците на ММФ.

Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград – 18/03/10

photo

Замрзнатите пензии и невработеноста остануваат најголем предизвик за српската влада, според мисијата на ММФ. [Getty Images]

Србија мора да ги исполни сите „клучни квантитативни цели“ и успешно да го комплетира стенд-бај аранжманот од 2,9 милијарди евра со ММФ, рече Алберт Џегер, шеф на српската мисија на фондот, по една недела проверка на договорот. Во исто време, фондот ја нагласува потребата за значителен напредок во структурните области, како што се реформите на пензискиот систем.

„Програмата се одвива добро ... со значителна разлика“, рече Џегер. „Охрабрувачки, со стабилизацијата на светската економија и силната посветеност на странските банки на Србија, економијата почнува да заживува.“

Србија не добила ваков вид проценка од ММФ во изминативе десет години, рече министерот за економија и регионален развој, Млаѓан Динкиќ.

Сепак, замрзнатите државни плати и пензии, високата стапка на невработеност и растечкиот број неликвидности остануваат „сериозен ветар во гради“ со кој се соочува државата, според извештајот на ММФ.

ММФ планира да го прегледа владиниот план за нова идексација на пензиите, кој, според вицепремиерот Јован Кркобабиќ, ќе стапи на сила од април 2011 година. Планот предвидува приспособување на растот на пензиите со зголемувањето на платите во јавниот сектор.

Измените во пресметувањето на пензиите се само предлог, рече Џегер, истакнувајќи дека ММФ останува скептичен во врска со предлогот.

„Ова може да се направи само ако платите и пензиите во следните неколку години се зголемуваат на тој начин што нивниот процент во БДП сериозно ќе опаѓа“, рече тој. „Во овој момент, нема гаранции дека следната година, која е почеток на изборен период, јавните плати можат да бидат контролирани.“

ММФ, исто така, ја потсети владата за ветувањата дадени за време на претходните прегледи на договорот, како што се намалувањата на персоналот во јавниот сектор. Според официјалните податоци, една третина од 2 милиони вработени во Србија работат на некое ниво на владини или државни претпријатија. Владата планира да го намали овој број за околу 8.000 вработени до април.

„Се согласивме на постепено намалување на јавните расходи, кои треба да изнесуваат 2 отсто од БДП меѓу крајот на 2008 и крајот на 2010 година“, рече министерката за финансии, Диана Драгутиновиќ.

Поврзани написи

Loading

Отпуштањата во државната администрација ќе бидат една од главните теми кои ќе бидат разгледани на следниот закажан состанок на делегацијата на ММФ во мај.

Друг предизвик кој Србија мора да го надмине, според условите на ММФ, е зајакнувањето на својата валута. Динарот падна наспрема еврото и неодамна достигна износ од 99,33 динари за евро, според Драгутиновиќ.

Србија треба да ја намали зависноста од надворешното позајмување, да ги зголеми домашните заштеди и да привлече странски инвестиции, според ММФ. Србија не може да си дозволи враќање на предкризниот модел на растеж, заснован на висока потрошувачка и мала домашна заштеда и ниска стапка на извоз, рече Џегер.

„Србија мора да ја „промени брзината“ и да го следи примерот на успешните источноевропски држави, кои успеаја да изградат конкурентни економии со стока погодна за тргување и високо ниво на домашна заштеда“, рече Џегер. „Тоа е болно на краткорочен план, но просперитетно на долгорочен план.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар