Борбата против митото не е едноставна задача

17/03/2010

Додека земјите-кандидатки се борат да ја искоренат корупцијата, тие истовремено мора да се справат со спротивставените совети.

Анализа на Бојко Тодоров за Southeast European Times во Софија -- 17/03/10

photo

Антикорупциските мерки се предуслов за членството во ЕУ. [Getty Images]

Борбата против корупцијата останува главен приоритет на агендата за проширување на ЕУ додека земјите-кандидатки се следат против стандардите на Унијата.

Барањата се јасни -- судството и јавната администрација мора да обезбедат ефикасни услуги. Одговорноста и транспарентноста се задолжителни. Од гледна точка на понудата, ЕУ обезбедува конкретна помош во антикорупциските напори.

Земјите-членки на ЕУ со хронични корупциски проблеми, како што се Бугарија и Романија, исто така, се следат за да се трасира напредокот, а годишниот сеопфатен извештај на ЕУ се очекува во јули.

„Секоја храбра политика бара силни мерки и силни решенија“, рече Вилфред Мартенс, претседател на Европската народна партија (ЕПП), за време на неговата посета на Бугарија во вторникот (16-ти март), како поддршка на напорите на премиерот Бојко Борисов за борба против вкоренетата корупција и организираниот криминал.

Сепак, искуството на Бугарија и Романија покажува дека користењето на членството за намалување или елиминирање на корупцијата не е ниту едноставно, ниту директно. Дел од предизвикот е во претпристапниот период -- кога државите добиваат поддршка од голем број странски извори -- советот за тоа како да се борат против корупцијата честопати се разликува.

ЕУ има тенденција да гледа на корупцијата како на работа која се однесува на кривичната правда и хармонизираната легислатива. Темата се разработува преку портфолиото „правда и домашни работи“, кое исто така ги покрива судските прашања, организираниот криминал и другите проблеми поврзани со редот и законот.

Билатералните и мултилатералните донатори, сепак, ја сметаат корупцијата за развоен предизвик. Канадската меѓународна развојна агенција, на пример, во својата балканска стратегија, истакнува дека „корупцијата и понатаму се меша во одржливиот економски развој“.

Шведската меѓународна агенција за соработка во развојот ја поврзува корупцијата со суштинските развојни прашања кои „влијаат највеќе на сиромашните и можат да ја влошат сиромаштијата на многу начини“.

Регионалните играчи, како Балканскиот труст за демократија на германскиот Маршалов фонд, помагаат во антикорупциските напори во рамките на својата програма „Поврзување на граѓаните со владата“, како начин за промовирање на граѓанското општество и демократијата.

Разликата во третманот на корупцијата како криминално или развојно прашање, ги обликува двата вида помош што се обезбедуваат и политичкиот притисок.

Во случајот на Бугарија и Романија, пристапот на кривичната правда на ЕУ честопати заглавува.

Ова е најмалку хармонизирана област во европското право, така што Европската комисија (ЕК) има малку да понуди во поглед на конкретно водство. Покрај тоа, корупцијата и понатаму е многу раширена меѓу судските и правните институции, и судењето на случаите на висока политичка корупција се покажа исклучително тешко.

Раширеното мито меѓу избраните функционери е повеќе показател на недостатокот на демократски процеси, отколку на неефикасното спроведување на законот, велат критичарите.

Силниот антикорупциски став на ЕУ го охрабри едногласниот консензус за потребните реформи, притискајќи ги владите на обврски што не би ги презеле и изнесувајќи го прашањето на јавни дебати. Сепак, истиот го направи напредокот истовремено цел, но и остварување со голем број пречки.

Едната е прекумерната зависност од извршната власт. Кога ќе се третираат како остварување од страна на владата, претпоставените антикорупциски важни чекори зависат претежно од политичката волја, а со тоа и претерано го поедноставуваат проблемот.

Иако агенциите за помош имаат свои антикорупциски цели, тие не се усогласени со политичките услови поставени пред државите. Тие ја третираат корупцијата како работа на неспособност на социјалните и економските институции, наместо како девијантно однесување што е предмет на судско гонење.

Поврзани написи

Loading

Сепак, агенциите беа пофлексибилни во нивниот избор на корисници и партнери, и имаа одличен капацитет да ги вклучат локалните акционери. Таквата флексибилност им дозволи да се справуваат со социјалните, културните и економските корени на корупцијата.

Експертите велат дека двата пристапи не се секогаш ексклузивни, но мора да бидат усогласени во приоритетите на донаторите и националните влади.

Според Руслан Стефанов, програмски директор на бугарскиот Центар за испитување на демократијата „ефикасната антикорупциска стратегија треба да бара рамнотежа меѓу стриктната примена на кривичните закони против митото и воведувањето иницијативи за привлекување поединци и претпријатија во легалната економија“.

„Динамиката поттикната од целните напори за спроведување на правото може да се одржи на долг рок само со потхранување на развојните корени на доброто владеење“, заклучува Стефанов.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар