Maкедонија се фокусира на природниот гас како енергетски приоритет

15/03/2010

Иако нафтата и електричната енергија остануваат главни потпори за снабдувањето со енергија на Македонија, природниот гас се гледа како ресурс на иднината. Неговите застапници лобираат за чистата алтернатива на нафтата повеќе од 20 години.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 15/03/10

photo

Сумата за снабдувањето на цела Македонија со природен гас се проценува на 270 милиони евра. [Getty Images]

Во економија која зависи од увезената енергија, владините проекции дека Македонија ќе потроши скоро 14 отсто повеќе енергија оваа година отколку во 2009 година, се сметаат за прифатливо умерени. Државата и понатаму е уверена дека може да произведува повеќе од 60 отсто од потребната енергија самостојно, а е заинтересирана за природниот гас како основа на своите потреби.

Иако владата одвои 383 милиони евра за покривање на енергетските потреби на Македонија -- од кои поголем дел ќе биде увоз на сурова нафта и електрична енергија -- околу една петтина од енергетскиот буџет ќе биде искористен за купување природен гас.

Гасот сé повеќе се смета за евтин и еколошки чист енергетски извор, и покрај очекувањата за 5 отсто зголемување на употребата на суровата нафта во споредба со 2009 година. Покрај Макпетрол и ГАМА -- главните увозници и дистрибутери на гас на Македонија -- многу аналитичари веруваат дека гасот е енергетски извор на иднината за Македонија.

Интересот за гасот не е нов; властите и енергетските експерти разговараат за масовна употреба на гасот повеќе од 20 години. Но, неговата употреба сега е само шестина од годишната потрошувачка на енергија на државата.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, рече дека градењето на неопходната гасна инфраструктура претставува приоритет. Регионалните проекти за гасоводот Набуко -- поддржан од САД -- и рускиот Јужен тек, се вклучени во идната употреба.

„Преку овие проекти, Македонија има можност да ги вклучи сите пет или шест преодни точки на гасоводите“, рече Бесими. „Македонија може да постигне добра позиција поради тоа што се наоѓа во централниот дел на Балканот, и со тоа има добра можност да одигра важна улога во тој сегмент.“ Поранешен специјалист на „Макпетрол“ -- кој го задржа правото на анономност -- изјави за SETimes дека „природниот гас претставува најекономичен извор на енергија и е жално што Македонија не обезбеди средства пред една деценија за гасификација на целата своја територија“.

Владата вели дека гасификацијата низ цела Македонија ќе започне оваа година. Министерот за финансии, Зоран Ставревски, кој ја посети Русија во декември, рече дека договорените проекти за гасификацијата меѓу двете држави го исчистиле долгот на Русија кон Македонија во висина од 44 милиони евра.

„Студијата е скоро готова. Го усогласивме текстот на договорот со руското Министерство за финансии“, рече Ставревски.

Поврзани написи

Loading

Цената на гасификацијата на Македонија се проценува на околу 270 милиони евра. Досега гасната мрежа е комплетирана од бугарската граница во Деве Баир до Скопје. Неколку поголеми фирми во главниот град, како што е големата фабрика за железо „Железарница“ и фабриката за цемент „Цементарница“, користат гас во голема мера, но Скопје нема градска мрежа за помалите корисници.

Министерството за транспорт и врски објави дека главниот правец за гасната линија го вклучува гасоводот Клечовце-Битола, кој ќе чини 73 милиони евра; Скопје-Гостивар, 29 милиони евра и Штип-Гевгелија, кој ќе чини 49 милиони евра.

Претставниците на Министерството за транспорт сметаат дека мрежата може да се поврзе најефикасно преку рускиот гасовод кој се движи кон Грција, или преку оној кој сега ги поврзува Грција и Италија.

Парите од исплатениот руски долг ќе бидат искористени за изградба на секундарната мрежа, за потрошувачите од Скопје до Тетово на запад.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар