Грците пушат и покрај забраната

12/03/2010

Обидите на грчката влада за забрана на пушењето на јавни места, во голема мера се игнорираат. Иако законот е во согласност со препораките на ЕУ, бизнис заедницата тврди дека економијата е во доволно лоша состојба и без да им додеваат на муштериите што плаќаат.

Од Марија Паравантес за Southeast European Times во Атина -- 12/03/10

photo

Околу 20.000 Грци умираат секоја година од болести поврзани со цигарите, поради што државата го забрани пушењето на јавни места. Но, почитувањето на истата претставува проблем. [Getty Images]

Беше раздвижена петочна вечер во еден од најпопуларните музички клубови во Атина, каде што групи пријатели доаѓаат за забава по напорната работна недела. Веднаш штом се сместија, мажите и жените ги извадоа цигарите, за да видат дека нема пепелници на масите.

„Забрането пушење“, рече келнерката примајќи ја нарачката. „Можеби подоцна ...“

Дваесет минути подоцна, околу 500 луѓе во клубот направија магла од цигари, фрлајќи ја пепелта на подот.

Грчкиот закон усвоен во јули 2009 година забрани пушење на јавни места, ги зголеми даноците за цигарите и воведе парични казни од 500 евра за прекршоците. Но, тоа немаше никакво видливо влијание врз пушењето на јавни места.

Вработен во кафуле рече: „Погледнете наоколу и ќе видите дека никој не го почитува законот ... гледате ресторани со делови каде што е забрането пушењето кои се сосема празни и делови за пушачи, преполни со маси од непушачкиот дел за да ги сместат клиентите.“

Според податоците на Министерството за здравство, околу 20.000 од грчкото население од вкупно 11 милиони умираат секоја година од болести поврзани со цигарите. Други 600 умираат од пасивно пушење, или вдишување воздух загаден од блискиот пушач.

„Пушењето ги уништува нашите национални здравствени системи“, рече министерката за образование, Ана Диамантопулу, неодамна, непосредно пред кампањата за подигање на свеста во училиштата -- особено меѓу адолесцентите -- за опасностите од пушењето. Минатата година за првпат грчкиот Врховен суд донесе пресуда во корист на тужител кој го тужеше својот вработен за штетата како резултат на пасивното пушење.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 38 отсто од сите Грци пушат, што ја става земјата на врвот од европските држави. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека 46 отсто од мажите и 31 отсто од жените пушат секојдневно.

„Целата држава пуши“, рече Панајотис Бехракис, директор на Националниот управен комитет за контрола на тутунот, за дневниот весник Катимерини минатиот месец.

Според грчката легислатива, претпријатијата со повеќе од 50 вработени можат да направат простории за пушачи. Рестораните, баровите, кафулињата и клубовите поголеми од 70 метри квадратни мора да имаат одвоени делови за пушачи.

Помалите објекти можат да изберат дали ќе бидат непушачки, додека поголемите простори (преку 300 метри квадратни) мора да имаат одвоени простори за пушење со специјални вентилациски системи.

„Нашиот бар е за пушачи“, рече барменката Попи која не сакаше да го открие целото свое име. „Во никој случај нашиот сопственик нема да го претвори својот објект во непушачко место. Тој дефинитивно ќе изгуби клиенти.“

Не го делат сите ова мислење. Хелен Х., мајка на едногодишни дете, поминува часови во различни трговски центри во Атина за да најде ресторан за нејзиниот син со дел за непушачи. Таа откри дека рестораните што имале такви делови, ги напуштиле.

Поврзани написи

Loading

„Посебно тешко е во зима за некој со дете, бремена жена, па и непушач, да избере“, рече Хелен.

Сопствениците на барови и клубови во грчкиот главен град веруваат дека забраната за пушење го влоши бизнисот во време на финансиска криза. Дури и оние кои аплицираа за лиценца за пушење се соочија со обемна бирократија во процесуирањето на нивните апликации.

Законот, исто така, забранува пушење во болници, канцеларии и такси-возила, но секој неизбежно ќе наиде на таксист со цигара.

„Повикав такси-возило пред некој ден, за да се најдам во облак од чад“, рече непушачката Мери. „Иронијата е што на контролната табла имаше знак за забрането пушење.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар