11/03/2010
Самопрогласениот имам Џемајл (Кастиот) Дука -- Албанец -- е избркан од Косово врз основа на законите кои го регулираат престојот за странци. Приштина презема остри мерки против исламските екстремисти низ целата република.
Од Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштинa -- 11/03/10
![]() Депортираниот лажен имам Џемајл (Кастиот) Дука. [Архива] |
Косовската полиција го уапси и депортираше во Албанија самопрогласениот муслимански имам минатата недела.
Џемајл Дука, познат по името Кастриот, живееше во селото Марина, во централниот регион на Дреница.
Во соопштението за медиумите, Министерството за внатрешни работи објави дека Дука бил депортиран на 3-ти март за кршење на законите во врска со странските државјани што живеат во државата. Односно, причината поради која тој побарал да живее во Косово е многу поразлична од она што тој всушност правел таму, според извештаите на дневниот весник Бота Сот.
Депортацијата е дел од тековната кампања во Косово против муслиманските екстремисти.
Владата објави дека Дука добил дозвола да живее во Косово со цел да развива хуманитарни активности. Наместо тоа, обвинува истата, тој промовирал нерелигиозни активности поврзани со исламскиот фундаментализам.
Џамијата на Дука во Марина -- изградена во 1999 година, по косовската војна, и наводно место на екстремно превирање -- беше привремено затворена од страна на општинскиот совет на Скендерај на 26-ти февруари.
Дука ја користеше џамијата за активности поврзани со британската добротворна организација позната како Милоста на Рахма. Од 716 џамии во Косово, само онаа во Марина беше надвор од јурисдикцијата на Косовската исламска заедница (БИК).
Џамијата беше затворена откако околу 6.000 жители на Скендерај -- од кои повеќето се муслимани -- потпишаа петиција во која се вели дека истата се користела за нерелигиозни активности. Критиките се однесуваа на интелектуалната манипулација со сирачињата во училиштето поврзано со џамијата, како и присилувањето на малолетните девојчиња да носат целосен вел и прекривка за телото, познати како ниќаб и абаја.
„Не е случајно што [Дука] ја избрал Марина“ за воспоставување на своите активности, изјави за косовскиот Дејли експрес, Ајнишахе Халими, иницијатор на петицијата која ја предводи локална невладина организација во Скендерај. „Има многу семејства во тоа место кои ги изгубиле саканите за време на војната. Полесно е да се манипулира со деца. [Дука] принудувал четиригодишни девојчиња да носат вел.“
Муслиман по вероисповед, Халими за Радио Слободна Европа изјави дека ситуацијата во селото со кое раководел Дука била „алармантна“ и не била во духот на зачувувањето на традиционалниот ислам.
Сабри Бајгора, главниот имам на БИК, ја поздрави депортацијата на Дука, истакнувајќи дека сите џамии во Косово се сега под власта на неговата организација. Кога ќе продолжат активностите во џамијата Марина, тие ќе бидат под дирекцијата на имамот избран од БИК, Газменд Хоти.
Градоначалникот на Скендерај, кој исто така ја потпиша петицијата, рече дека тој не можел да стои настрана додека жителите биле злоупотребувани.
„Тешко беше да се убеди [Дука] да замине поради тешката економска ситуација таму“, рече Сами Лушкаку за Дејли експрес. „Во овој случај, главно, сирачињата, децата на мачениците и хероите“ се жртви.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's