Герб притиска за смена на Парванов

11/03/2010

Бугарскиот претседател Георги Парванов се соочува со можна интерпелација заради откривањето на содржината на неодамнешниот разговор со министерот за финансии, Симеон Џанков.

(Еуопсервер, Софиска новинска агенција, 24 Часа, Nine O'clock - 11/03/10; AП, ДПА, Софиска новинска агенција, Софија ечо, Dnevnik.bg, Meдиапул, Хуријет - 10/03/10)

photo

Владејачката партија ГЕРБ бара интерпелација на претседателот Георги Парванов. [Getty Images]

Бугарската владејачка централнодесничарска партија ГЕРБ во средата (10-ти март) објави дека ќе иницира постапка за интерпелација на левичарскиот претседател Георги Парванов заради објавување на записникот од состанокот зад затворени врати со министерот за финансии, Симеон Џанков.

Џанков, кој отиде во кабинетот на претседателот на 5-ти март за да го разјасни контроверзниот коментар што го даде за Парванов во една телевизиска емисија пет дена претходно, не беше информиран дека содржината на разговорот ќе биде обелоденета, објави партијата на премиерот Бојко Борисов.

Покрај тоа, министерот за финансии не ни знаел дека разговорот се снима.

Правејќи го тоа, Парванов го прекрши членот 32, став 2 од бугарскиот устав, се вели во изјавата на извршниот одбор на ГЕРБ објавена доцна во вторникот.

„Никој не смее да биде следен, фотографиран, сниман со камера, сниман со аудио-запис или да биде предмет на какво било други дејство без негово знаење или спротивно на неговото изразено несогласување, освен кога таквите дејства се дозволени со закон“, гласи членот.

Потегот на Парванов не беше само чин „без преседан“ на непочитување на законските права на Џанков, туку и испрати исклучително негативен сигнал до јавноста, дека нивните уставно загарантирани права можат да се прекршуваат, дури и од страна на шефот на државата.

„Овој преседан претставува знак на неприфатлив политички морал и бара јасен политички одговор“, се вели во вторничната изјава на извршниот одбор на ГЕРБ, и се бара од нејзината парламентарна група да покрене иницијативата за интерпелација на Парванов.

Најпрво иницијативата мора да добие поддршка од најмалку 161 член на бугарскиот еднодомен парламент од 240 места, за да може потоа да биде доставена до Уставниот суд на државата. Освен 117-те делегати на ГЕРБ, други 35 пратеници кои ја претставуваат националистичката партија Атака и десничарската Сина коалиција се очекува да го поддржат чекорот.

Четириесетте претставници на Бугарската социјалистичка партија, која беше предводена од Парванов до јануари 2002 година, кога тој го започна својот прв мандат како шеф на државата, и 37 пратеници од Движењето за правата и слободите (МРФ), се очекува да ја отфрлат иницијативата.

Поврзани написи

Loading

Конзервативната Партија на редот, законот и правдата (ОЛЈ), чија парламентарна група се распадна минатата година, откако неколку нејзини пратеници ја напуштија партијата, посочи неодамна дека нема да ја поддржи иницијативата на ГЕРБ за смена на претседателот, велејќи дека нема законски аргумент за ваквиот потег.

Но, според извештај на Софиската новинска агенција во четвртокот, пратениците на ОЛЈ сега се чини дека ќе ја поддржат иницијативата.

„Ова не е чин насочен против шефот на државата, туку политички механизам за дискутирање околу клучните уставни прашања во односот меѓу институциите“, се цитира изјавата на партискиот водач Јане Јанев.

Дури и ако иницијативата ја добие потребната парламентарна поддршка, се очекува да наиде на пречка кај 12-члениот Уставен суд. Третина од овие членови се назначени од Парванов, велат аналитичарите. Ако иницијативата успее и претседателот биде сменет, тогаш заменик-претседателот Ангел Марин ќе ги преземе должностите на Парванов и ќе го комплетира неговиот петгодишен мандат, кој завршува на почетокот од 2012 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар