Антонеску освои втор мандат како претседател на романската Либерална партија

10/03/2010

Националната Либерална партија, втора по големина опозициска партија во Романија, го задржува Крин Антонеску на својата водечка позиција. Тој го победи својот противкандидат Лудовик Орбан со убедлива разлика, 986 наспрема 357.

Од Пол Чикои за Southeast European Timeво Букурешт -- 10/03/10

photo

Либералниот водач Крин Антонеску постигна убедлива победа во саботата (6-ти март) на конгресот на Националлибералната партија. [Getty images]

Крин Антонеску, кандидат на Националлибералната партија (ПНЛ), кандидат на претседателските избори во Романија минатата година, освои нов мандат за како шеф на партијата, на конгресот на партијата во саботата (6-ти март). Тој убедливо го победи Лудовик Орбан, додека третиот кандидат, Виорел Катарама, се повлече.

Крајната цела на Антонеску е да освои го освои романското претседателство за својата партија и нејзината либерална агенда.

Тој работи на освојување најмалку 30 отсто од гласовите на локалните и парламентарните избори оваа година, што би ја направило ПНЛ владејачка партија. Либералите беа трети на изборите во 2008 година, освојувајќи нешто повеќе од 15 отсто од гласовите или 95 места во дводомниот парламент.

„Ова е момент од исклучителна важност“, рече Антонеску откако и официјално беше прогласен за претседател на партијата. „Ги повикувам сите кои гласаа за нас, кои се надеваат и очекуваат решение од нас, да бидат сигурни“ дека ќе ја освоиме главната функција во државата.

„Сигурен сум“, рече Антонеску, дека „ако секој либерал во оваа држава, од претседателот до 100.000-те либерали на секој агол, знаат како да се чувствуваат, живеат и надеваат во заедниците на кои припаѓаат, тогаш ние ќе однесеме победа на крајот од овој пат“.

Виктор Понта, претседател на Социјалдемократската партија, рече дека „му честита на Крин Антонеску, но и на Лудовик Орбан“. Тој истакна дека е важно групите како неговата „да ги претставуваат десничарските идеи во Романија ... нема сомневање за тоа; ние ќе бидеме партнери во одбраната на демократијата во парламентот“.

Пред претседателскитре избори, Антонеску јасно стави до знаење дека ако постигне резултати под одредена граница, тој ќе поднесе оставка од водечката позиција, место на кое се наоѓа од март 2009 година.

Поврзани написи

Loading

За да ја осигури победата Антонеску смисли нов гласачки систем на партискиот конгрес, кое се состои од гласање за тим наспроти индивидуалното пребројување. Секој кандидат за шеф на партијата донесе свој тим соработници.

Гласачкиот систем во суштина го исклучи Орбан од каква било водечка позиција.

Т.н. „гласање за листа“ беше одобрено со големо мнозинство од либералните демократи во петокот, на првиот ден од конгресот. По гласањето првиот ден, еден либерален пратеник ја објави својата оставка од партиските редови, осудувајќи ги обидите на Антонеску за воспоставување „просветлен апсолутизам“.

ПНЛ беше основана во 1875 година и одигра клучна улога во историјата на Романија. Активностите на партијата беа прекинати од страна на комунистичкиот режим во 1947 година, но се обновија по револуцијата во 1989 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар