Зграпчување на енергијата: Албанија размислува за нуклеарна енергија

09/03/2010

Албанскиот премиер вети дека ќе ја трансформира државата во регионална енергетска суперсила, при што водечка ќе биде нуклеарната енергија.

Од Мањола Хала за Southeast European Times во Тирана -- 09/03/10

photo

Албанија сака да ги прошири енергетските извори преку нуклеарната енергија. [Getty Images]

Албанија се доближува до изградба на нуклеарна централа. Владата ја покажа својата политичка волја воспоставувајќи Национална нуклеарна агенција во јануари, задолжена за развојот на Албанската програма за нуклеарна енергија.

„Производството на нуклеарна енергија во Албанија претставува реална можност, иако ние сме во раната фаза на процесот“, рече Мило Кунешка, координатор на Албанската програма за нуклеарна енергија. „Нашиот прв фокус е да воспоставиме правна рамка и во исто време да работиме и на друг план за забрзување на процесот.“

Албанија предвидува употребата на четвртата генерација енергетски реактори, најновата технологија, да биде на располагање до 2020 година.

Премиерот Сали Бериша најпрво ја спомена целта на Албанија за производство на нуклеарна енергија во текот на зимата во 2007 година, кога државата се соочи со тешки недостатоци на стуја. Во тоа време Министерството за надворешни работи ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) за намерата на Албанија да произведува нуклеарна енергија.

Поврзани написи

Loading

Оттогаш државата се позиционира себеси како „отворена за партнерство“ со секоја влада заинтересирана за иницијативата. Тирана јасно стави до знаење дека нема пари да го отпочне проектот сама. Досега одреден интерес покажаа Италија и Хрватска.

„Албанија ќе ги прими сите понуди“, рече Кунешка, истакнувајќи дека Италија има претпријатија со искуство во нуклеарниот сектор. Албанскиот сосед на север има забрана за изградба нуклеарни централи на сопствена почва од референдумот во 1987 година. Хрватска е под слична забрана од 2028 година.

Критичарите на албанскиот план прашуваат дали нацијата треба да ризикува со опасностите од нуклеарната енергија пред да побара енергија од хидроцентралите и од ветровата и соларната енергија.

„Не се сомневам дека нуклеарната енергија е чиста енергија, а нам ни треба енергија, но сум против производството на истата од еколошки и безбедносни причини“, рече Бесмир Гезиќи од Албанската зелена партија. „Сигурен сум дека потенцијалот за алтернативна енергија во Албанија е доволен за потребите на државата и за извозот.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар