Подготвена ли е Србија за нуклеарна централа?

08/03/2010

Очекуваните недостатоци на струја и соседните нуклеарни централи предизвикаа дебата во Србија за укинување на 21-годишната забрана.

Од Георги Митев-Шантек за Southeast European Times во Белград - 08/03/10

photo

Нуклеарната централа може да биде решение за намалените енергетски извори на Србија. [Getty Images]

Опкружена од нуклеарни централи, Србија е едно од последните места каде што истите ги нема во регионот. Со оглед на недостатоците на еелктрична енергија кои се на повидок и напредокот на безбедносните мерки, некои експерти велат дека сега е време да се разговара за нуклеарните опции на државата.

„Немаме милијарди долари за изградба, но [исто така] немаме ни време за губење; мораме да мислиме на деценијата што доаѓа“, рече професорот Илија Плечас од Нуклеарниот институт Винча во интервју за SETimes. „Ако изградиме централа со нечии пари и го исплатиме долгот со електрична енергија во следните 15 години, сепак можеби ќе добиеме 15 отсто од „бесплатната“ струја.“

Министерот за енергија, Петар Скундриќ, неодамна истакна дека во радиус од 100 километри надвор од државата, има десет нуклеарни централи. А во радиус од 400 километри има повеќе од 20 централи.

Според тоа, прашањето е: дали е време Србија да го остави зад себе хоророт на Чернобил и да ја прифати нуклеарната енергија -- колку и да се двоуми -- како одговор?

По украинската катастрофа во Чернобил во 1986 година, југословенскиот парламент усвои мораториум за нуклеарни централи. Иако многу држави ја укинаа забраната по распадот на републиката во 1991 година, Србија останува цврсто на овој став.

Во декември, рускиот амбасадор во Белград Александар Конузин рече: „Србија сериозно размислува за изградба на нуклеарна централа -- а Русија е подготвена да помогне во таа намера на партнерски начин и со заеднички инвестирања“.

Набљудувачите истакнуваат дека иако Србија нема пари да ја финансира нуклеарната централа сега, обично треба околу 14 до 16 години за изградба на нуклеарка и подготовките би требало да започнат наскоро.

Прочуениот српски нуклеарен физичар Владимир Ајдачиќ вели дека без оглед дали нуклеарната енергија е иднината на државата или не, потребни се промени. Србија мора да ја намали својата потрошувачка на електрична енергија, рече Ајдачиќ, и да користи алтернативни извори на енергија пред да се разгледа можноста за нуклеарна централа.

Годишната потрошувачка на електрична енергија на државата беше 32.186 гигавати во 2009 година. Србите користат 150 до 180 киловатчасови на метар квадратен годишно, додека земјите од ЕУ користат под 100 киловатчасови годишно.

„Во Србија немаме закон за стандардите на штедење енергија. Србија има алтернативни извори на енергија, но никој не направил анализа на нивната полза за цената, бидејќи државата не се интересира за собирање податоци од агенциите“, рече Ајдачиќ.

Во споредба со постојната технологија за горивата од горењето фосилни остатоци во регионот, нуклеарната централа се смета за релативно чиста, безбедна и ослободена од светските политички притисоци.

„Енергијата од обновливите извори во Србија има многу ограничен потенцијал и во ситуација на константно повисока побарувачка [ресурсите] не можат да бидат поткрепа“, рече Драгомир Марковиќ, директор на Електродистрибуција на Србија (ЕПС).

Поврзани написи

Loading

„Србија е опкружена од држави кои веќе имаат нуклеарни централи или планираат да изградат“, рече Марковиќ. „Тоа значително ќе влијае на конкурентноста на ЕПС на идниот отворен пазар, каде што нуклеарната енергија ќе биде доминантна бидејќи енергијата од јагленот е оптоварена со високи еколошки даноци.“

На крајот од 2006 година ЕУ вети дека ќе ја скрати за 20 отсто својата годишна потрошувачка на примарна енергија до 2020 година. За да ја оствари таа цел, Унијата планира да постави стандарди и правила на минимална енергетска ефикасност на сите нивоа. Противниците на нуклеарниот енергетски развој на Србија се цврсти во ставот дека таа технологија не е чиста и дека прашањето треба да се стави на референдум.

Звездан Калмар, од Центарот за еколошки и одржлив развој, изјави за SETimes дека „прашањето на нуклеарниот отпад не е решено никаде во светот, дури и во високотехнолошките држави како Германија или Франција, каде што има мали или не така мали инциденти во привремените складишта“.

Калмар објасни дека „ниту Србија ниту другите балкански држави не можат да си ја дозволат цената на една нуклеарна централа. Примерот на Финска покажува дека доцнењето во изградбата од три до пет години ги зголеми цените на [енергијата] од 2 до 10 милијарди евра“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар