Хрватска и Русија потпишаа договор за Јужен тек

04/03/2010

Требаше да помине извесно време, но Хрватска конечно го потпиша договорот за гасоводот Јужен тек, придружувајќи й се на Русија и осум други држави во Европа и на Балканот.

Од Марко Биоцина за Southeast European Times во Загреб -- 04/03/10

photo

Гасоводот од 900 километри ќе ги поврзува Русија и Балканот, каде што потоа ќе се дели на северен и јужен правец. [Илустрацијата на SETimes е на Катрин Гургениџе]

По една и пол година интензивни преговори, Хрватска официјално се приклучи на рускиот проект за гасоводот Јужен тек во вторникот (2-ри март). Договорот за изградба и работа на гасоводот беше потпишан во Москва, по состанокот меѓу хрватската премиерка Јадранка Косор и нејзиниот руски колега Владимир Путин.

Хрватска е осма држава што се приклучи на проектот, по Италија, Словенија, Бугарија, Србија, Унгарија, Грција и Турција.

Гасоводот во Хрватска треба да биде изграден и да функционира во партнерство со рускиот Гаспром и хрватското државно претпријатие Плинакро. Секое претпријатие се очекува да поседува 50 отсто од заедничкиот проект.

„Ова е нова страница во билатералните односи меѓу Хрватска и Русија. Се работи за навистина еднакво партнерство, какво што може да се види од сопственичките акции во заедничкото претпријатие“, рече Косор по потпишувањето на договорот.

Исто така во вторникот, се појавија извештаи дека Русија е можно да го намали својот удел и да го вклучи Електрисит де Франс СА (ЕДФ).

„Оставаме можност дека нашиот дел може да биде намален“, рече заменикот на генералниот директор на Гаспром, Александар Медведев, во вторникот, за време на интервјуто во Париз. Сé уште не е познато за колку може Гаспром да го намали својот холдинг.

Гасоводот од 900 километри -- кој треба да почне со работа во 2015 година -- ќе ја поврзува Русија со Балканот, каде што потоа ќе се дели на север и југ. Линијата намерно ја заобиколува Украина, за да се избегне повторување на споровите во врска со снабдувањето со гас кои ги прекинуваа руските дотури за Европа во изминатите четири години.

Не е познато дали Хрватска се согласила со руските барања гасоводот да се користи само за пренос на руски гас.

Поврзани написи

Loading

„Ако Хрватска се согласи да й даде на Русија ексклузивно право на користење на гасоводот, негативните ефекти нема да бидат очигледни веднаш, туку може да се појават за една деценија или слично“, изјави Игор Деканиќ, водечки хрватски енергетски експерт, за SETimes.

„Проблемот може да се случи ако [друг] гасовод биде изграден во иднина. Во тој случај, Хрватска може да има тешкотии да добие гас од алтернативен снабдувач поради недостаток на инфраструктура и нема да може да го користи постојниот гасовод поради ексклузивните права“, објасни Деканиќ.

Хрватска сега увезува околу 40 отсто од својот гас од Русија, додека локалното производство во иднина се очекува да се намали; оттаму потребата да се увезува повеќе.

Со пристапувањето во Јужен тек, Хрватска може да обезбеди поголеми увозни квоти од рускиот гас во иднина, продолжувајќи истовремено со развивањето на другите важни правци. Конечната рута на Јужен тек ќе биде утврдена од резултатите на физибилити студијата, изјави претставник на Гаспром за SETimes.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар