Коментарот на романскиот министер за надворешни работи предизвика негодување

04/03/2010

Ромите бараат министерот за надворешни работи, Теодор Баконши, да се повлече по очигледната етничка навреда на нивната заедница. Неколку невладини организации го осудија неговиот коментар.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 04/03/10

photo

Романскиот министер за надворешни работи, Теодор Баконши. [www.gov.ro]

Припадници на ромската заедница во Букурешт -- околу 500 луѓе придружени од симпатизери -- протестираа пред романската влада минатата недела, барајќи оставка од министерот за надворешни работи Теодор Баконши. Во јавниот коментар од 11-ти февруари, тој го поврза етничкото малцинство со криминалот, врз основа на физиологијата.

„Имаме некои физиолошки прашања поврзани со криминалот во некои романски заедници [во странство], особено меѓу етничките ромски заедници“, рече Баконши по состанокот со францускиот државен секретар за европски прашања, Пјер Лелуш.

Лелуш отпатува за Букурешт минатиот месец, барајќи помош за проблемот со илегалните ромски имигранти во Франција.

Пет невладини организации -- Мониторинг агенција за активно следење на печатот, Ромската граѓанска алијанса во Романија, Центарот за правни ресурси, Проевропската лига, Романската КРИСС -- веднаш ја осудија изјавата на Баконши.

„Министерот директно ја поврза криминалноста со етничката припадност ... тој дава биолошко објаснување за поврзувањето на криминалноста со етничката припадност, објаснување кое беше вообичаено за нацистичка Германија кога го „оправдуваше“ Холокаустот“, се вели во писмото испратено од организациите.

Во истото се бара итна оставка на Баконши и се додава „Баконши, најверојатно, не е свесен дека спојувањето на криминалноста со етничката припадност, т.н. „расно профилирање“ не е ниту во духот, ниту во европското право на 21-виот век“.

„Изјавата на Баконши претставува сериозно кршење на правото на достоинство на ромскиот народ како романски и европски граѓани. Покрај тоа, неговата изјава претставува кршење на романската и европската антидискриминаторска легислатива“, се вели во истото.

Навредливата фраза беше брзо отстранета од соопштението за печатот на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, кое ги отфрли „расистичките и етничките“ толкувања на изјавите на Баконши.

Поврзани написи

Loading

Министерството се обиде да ги објасни неговите зборови како гаф и ги покани петте невладини организации да седнат на заедничка маса за „чесна размена на мислења“. Организациите ја одбија поканата.

Претседателот Трајан Башеску го одбрани Баконши минатата недела, велејќи дека Романија има лош имиџ во странство поради ромските питачи на „секој агол на улиците“. Тој истакна дека најдобар начин Ромите да го подобрат својот јавен имиџ е „да ги испратат децата на училиште“. Неговата изјава наиде на гласни протести кај Ромите кои присуствуваа на состанокот. Довикувачите со придружба беа отстранети од салата.

Ова е втор скандал за три години предизвикан од романските власти во врска со етничките Роми во државата кои живеат во странство. Последен пат беше во ноември 2007 година, во време на интензивно антироманско расположение во Италија по бруталното убиство на една Италијанка. Тогашниот романски министер за надворешни работи Адријан Чориану рече дека луѓето како осомничениот убиец треба или да се протераат во пустина или да се соочат со воена казна.

Околу 8.000 етнички ромски имигранти беа вратени во Романија во 2009 година од страна на француските власти, откако добија финансиски поттик. Но, повеќето Роми во Франција одбиваат да заминат.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар