Aмерикански извештај: Балканот е сé уште главен транзитен правец

03/03/2010

Поради својата стратешка позиција помеѓу центрите за производство на наркотици во Југозападна Азиja и потрошувачите во Западна Европа, Балканот останува клучен правец за трговијата со дрога, заклучува американскиот Стејт департмент во новиот извештај.

(Софиска новинска агенција, Радио Србија - 02/03/10; американски Стејт департмент, МИА - 01/03/10)

photo

Според извештајот, Романија, Србија и Турција се главните транзитни држави за наркотици. [Архива]

Балканот и понатаму е главниот пат низ кој минува нелегалната дрога од центрите на производство и преработка во Југозападна Азија до пазарите во Западна Европа, објави американскиот Стејт департмент во својот 27-ми годишен меѓународен Извештај за стратегијата на контрола на наркотиците, објавен во понеделникот (1-ви март).

Првиот дел од студијата од 600 страници дава преглед на напорите на 130-те држави и судства во 2009 година за справување со домашните проблеми со наркотиците и исполнување на меѓународните обврски.

Вториот дел од извештајот ги истакнува најзначајните чекори преземени од 60-те држави -- категоризирани како „главни држави за перење пари“ -- минатата година за подобрување на нивните режими против перењето пари и против терористичките финансирања. Кипар, Грција и Турција се меѓу државите кои се најдоа на листата.

Извештајот ги опишува Романија, Србија и Турција како главни транзитни држави, долж историската Балканска рута за дрогата од државите кои произведуваат наркотици на исток до корисниците во Европа.

Романија се наоѓа по должината на Севернобалканската рута за опиум, морфиумска база и хероин кои се пренесуваат од Авганистан за Европа. Скоро 60 отсто од дрогата што влегува во државата се верува дека е наменета за Западна Европа.

„Се верува дека хероинот, екстази и другите дроги се складирани во големи количини во Романија и чекаат понатамошен транспорт“, се вели во извештајот. Државата, исто така, претставува транзитна точка за пренесување на синтетичките дроги и хемикалии-прекурсори кон Турција и понатаму до Авганистан. Според некои индикации, Романија е можно да заземе зголемена улога како транзитна точка за кокаинот од Јужна Америка за Западна Европа, според овој извештај.

И покрај предизвиците со кои се соочува државата како резултат на светската финансиска и економска криза, „романските власти и понатаму тесно соработуваат со американските и регионалните колеги за успешни и ефикасни меѓународни операции на запленување“, се вели во документот.

Што се однесува до Романија, само мала количина дрога што се шверцува во Србија останува во државата за домашна потрошувачка. Додека хероинот се опишува како доминантен наркотик кој се пренесува од Централна Азија по должината на Балканската рута, српските групи на организиран криминал се вели дека сé повеќе шверцуваат кокаин од Јужна Америка директно за Западна Европа.

Покрај тоа што е главна транзитна точка на патот на наркотиците од Југозападна Азија за Европа, Турција „служи и како појдовна точка за големите шверцери на дрога и дилери на дрога“, се вели во извештајот. Во него се истакнува и дека „некои преработки на опиумот и морфиумската база од Авганистан се случуваат во близина на турско-иранската граница“, како и дека многу од големите шверцери со база во Турција се етнички Турци или Иранци.

Поврзани написи

Loading

„Големите организации за шверц со дрога и главните шверцери со седиште во Турција, честопати се вклучени во производството и транспортот на хероин“, велат авторите. „Неколку се, исто така, вклучени во производството и/или шверцот на синтетички дроги.“

Грција, која исто така лежи на традиционалната Балканска рута, беше наречена држава „порта“ во транзитот на нелегални наркотици и шверцот. Авторите на извештајот истакнуваат дека Грција географски претставува омилена транзитна држава на патот за Западна Европа.

Од другите држави на тој правец, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово и Црна Гора се опишуваат како транзитни точки, додека Македонија се опишува како држава „која не е ниту голем производител, ниту е главна регионална транзитна точка за нелегалната дрога“.

Покрај тоа што е транзитна држава, Бугарија е и производител на нелегална дрога, особено амфетамински стимуланси, се вели во извештајот, а Албанија се наведува како производител на канабис наменет за пазарите во Европа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар