Голем избор на чевли во Црна Гора

08/02/2010

Париз има кула, а Кина ѕид. Набљудувачите забележуваат дека она што има вишок во Црна Гора се продавниците за чевли и дека тоа би можело да биде добро за бизнисот.

Од Брајан Салми за Southeast European Times во Подгорица -- 08/02/10

photo

Изобилство на чевли во Подгорица. [Архива]

Продавници за чевли, продавници за чевли и уште продавници за чевли. Каде и да се свртите во црногорскиот главен град, гледате продавници за чевли.

Всушност, има толку многу продавници што црногорските туристички власти кои го промовираат градот, можеби ќе размислат за можноста да ја рекламираат Подгорица во светот како Шухала, мека за чевли.

Иако локалните жители знаат да се несвесни за нивната сеприсутност, посетителите честопати се збунети од изобилството продавници за чевли во Подгорица. Зошто има толку многу продавници за чевли во Подгорица? Southeast European Times беше решен да го најде одговорот.

Брзата мисија на утврдување на фактите низ улиците близу продавницата „Бата“ го потврдија сомневањето дека Подгорица е преплавена со продавници за чевли. На само десет минути пешачење од градскиот плоштад има околу триесет продавници кои продаваат чевли.

Други продавници, чиј број изнесува 51, нудат обувки заедно со облека и спортска опрема. Сигурно Подгорица е еден од градовите со најмногу чевли во светот. Надвор од градскиот центар, исто така има збунувачки голем број продавници за чевли.

Иако беа прашани десетици сопственици на продавници за чевли и вработени во истите, никој не можеше да го изброи бројот на продавници за чевли.

Можеби глумејќи наивност, менаџерот на „Бата“ Драган Пајковиќ рече со искрено лице: „Не мислам дека има толку многу продавници за чевли во Подгорица“.

Навистина?

Пред очиглед на ваков доказ?

Посетата на „Астра шус“ -- која во изминатава деценија е во сопственост на Душан Соч (50) -- во извесен степен ги разјасни работите.

Соч рече дека кога ја купувал продавницата „Чевлите беа едни од малкуте артикли кои сопствениците на продавници можеа да ги добијат во изобилство на кредит“.

Меѓународните трговски санкции наметнати над Србија во 1992 година значеа дека немаше пазар за извоз, за производителите на чевли. Во таа атмосфера, продавниците за чевли почнаа да се множат низ цела Подгорица за движење на производот.

Соч набавува поголем дел од своите чевли во Нови Пазар, југозападна Србија, град во кој тој вели дека се наоѓаат „повеќе од 350 производители на чевли“. Тој верува дека повеќето негови конкуренти, исто така, ја набавуваат својата стока од Нови Пазар, но вели дека малкумина ќе го признаат тоа, претпочитајќи да ги рекламираат своите производи како дело на италијански дизајнери.

Поврзани написи

Loading

Иако цунамито од евтини кинески чевли го преплави Запад, истото треба допрва да се пробие низ црногорските продавници, според Соч.

„Можеме да добиеме подобри чевли од Србија, во исто време и по подобра цена“, рече тој.

Ако глобалната рецесија не заврши наскоро, според Соч, истата може да уништи голем дел од неговите конкуренти. Но, тој е убеден дека ќе опстои, сигурен дека ќе се пензионира и ќе ја предаде својата продавница од 25 метри квадратни на своите деца.

„Моите муштерии купуваат тука 40 години и ќе купуваат уште 40.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Турција: Ветување и предизвик

Турција: Ветување и предизвик

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Неколку членки на ЕУ сé уште не го признале Косово. Која ќе биде прва?

Кипар
Грција
Романија
Словачка
Шпанија
Ниту една од горенаведените



Види ги резултатите Додадете коментар

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's