Новопредложената бугарска комесарка импресионира на патот кон потврдувањето

05/02/2010

Одобрението на Европскиот парламент на новопредложената бугарска комесарка Кристалина Георгиева го отвора патот за одобрение од страна на Европската комисија следната недела.

(Разни извори -- 03/02/10 - 04/02/10)

photo

Новопредложената бугарска комесарка Кристалина Георгиева одговараше на прашањата од членовите на Европскиот парламент во седиштето на ЕУ во Брисел во средата (3-ти февруари). [Getty Images]

Кристалина Георгиева -- кандидатката на Бугарија за нова комесарка на ЕУ за меѓународна соработка, хуманитарна помош и спречување на кризи -- се очекува да биде одобрена за позицијата по беспрекорното претставување на нејзиниот претрес за потврда пред Европскиот парламент (ЕП) во средата (3-ти февруари).

„За оние на кои им треба помош во целиот свет, ова е најважното портфолио“, рече таа во воведот на својата тричасовна сесија. Педесетишестгодишната научничка и економистка вети дека ќе стане „гласот на безгласните“ во Европската комисија (ЕК).

Георгиева беше заменик-претседател и корпоративен секретар на Светската банка од март 2008 година. Таа беше номинирана за комесар на ЕУ пред три недели, откако првата кандидатка на Бугарија, Румјана Јелева, ја повлече својата кандидатура поради наводите во врска со нејзиниот личен интегритет и компетентност. Јелева подоцна беше ослободена од обвинувањата, но одлучи да поднесе оставка од сите функции во владата.

Георгиева им рече на членовите на ЕП дека ако биде одобрена, прво ќе се посвети на одговорот на ЕУ на минатомесечниот земјотрес во Хаити.

„Наити почнува од почеток, но не е сам“, рече Георгиева. „Ако бидам потврдена, моја должност ќе биде да загарантирам дека ние, Европјаните, ќе дадеме максимум од Унијата.“

Други приоритети се поефикасна употреба на ресурсите и подобрување на координацијата и ефикасноста на акциите на ЕУ, за европските граѓани да се почувствуваат „горди на својата хуманитарна помош и одговор на катастрофи“.

Георгиева ја истакна потребата за подобра координација во самата ЕУ, како и меѓу хуманитарните и воените организации со цел да се одржи почитувањето на меѓународното хуманитарно право. Таа рече дека има потреба и од подготовка за хуманитарното влијание на климатските промени и создавање „доброволни хуманитарни корпуси“ низ цела ЕУ до 2011 година.

„Во срцето на хуманитарната помош лежи нејзината неутралност и грижа за луѓето на кои им треба помош“, објави веб-страницата на ЕП, цитирајќи го одговорот на Георгиева на прашањето за помошта за Судан и Етиопија. „Никогаш не треба да дозволиме хуманитарната помош да биде фатена од оние кои ја злоупотребуваат власта.“

Нирј Дева, британски конзервативец, ја праша Георгиева дали е подготвена да се бори против личните, малограѓански интереси кои функционираат низ цела ЕУ.

„Да, господине“, одговори таа веднаш, добивајќи аплаус од публиката во преполната сала за состаноци на ЕУ.

Смиреното, самоуверено претставување на Георгиева за време на испрашувањето, беше често прекинувано со аплауз.

„Беше задоволство да се разговара со вас“, й рече германската конзервативка Биргит Шнајбер-Јастрам по испрашувањето, додека британскиот лабурист Мајкл Кешман го пофали „импресивниот интелектуален капацитет“ на Георгиева.

Поврзани написи

Loading

Холандскиот член Тајс Берман, од Социјалистите и демократите на ЕП, една од политичките групи кои најсилно се спротивставија на номинацијата на Јелева, исто така, й даде висока оценка на Георгиева за претставувањето.

„Мислиме дека таа ги има сите способности и квалитети потребни за да ја извршува оваа работа многу добро“, рече Берман. „Таа покажа целосно владеење на предметот и е многу добар комуникатор. Ова беше големо олеснување.“

Во Софија премиерот Бојко Борисов го оцени настапот на Георгиева како совршен. Претседателот Георги Парванов изрази уверување дека номинираната ќе „придонесува успешно за проширувањето на улогата на ЕУ во меѓународната соработка, хуманитарната помош и одговорот на кризи“.

ЕП треба да гласа во цела ЕК во вторник. Ако биде одобрена, новиот тим на претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо ќе го преземе кормилото следниот ден.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар