„Способноста да допре до обичниот човек“ клучна одлика на грчкиот претседател

04/02/2010

Како единствен кандидат, грчкиот претседател Каролос Папуљас освои уште еден петгодишен мандат. Но, неговата победа падна во сенката на континуираната финансиска криза во земјата.

Од ХК Цанис за Southeast European Times во Атина -- 04/02/10

photo

Грчкиот парламент гласаше да му се даде уште еден петгодишен мандат на претседателот Папуљас во средата (3-ти февруари). [Getty Images]

Грчкиот претседател Каролос Папуљас беше лесно реизбран за претежно церемонијалната „највисока функција“ во државата, во средата (3-ти февруари), со големо мнозинство во парламентот. Пријатниот 80-годишник ќе положи свечена заклетва на 12-ти март.

Изборот помина во сенката на неделата во која владата ги обелодени конкретните мерки за решавање на двоцифрениот буџетски дефицит и огромниот јавен долг.

Папуљас доби втор, петгодишен мандат. Уставот предвидува ограничување од два мандати за претседател, позиција која е замислена да се издигне над партиската политика. Претседателот не може да блокира закон предложен од страна на владата и ратификуван од страна на парламентот, туку само бара „консултација“ со владејачката партија пред предлог-законот или декретот да стане закон.

Вкупно 266 делегати од владејачката, социјалистичка партија ПАСОК, заедно со конзервативната главна опозициска и помала десноцентристичка партија, го поддржаа изборот на Папуљас. Занемарливи 32 пратеници од двете партии на левицата и екстремната левица, се изјаснија само како „присутни“, но не гласаа против. Двајца пратеници беа отсутни.

Поврзани написи

Loading

Папуљас, министер за надворешни работи во претходните влади на ПАСОК до 1996 година, е роден во приезерскиот град Јанина, во северозападната провинција Епирус.

Ветеранот-новинар од Јанина, Јоргос Кирузис, за Southeast European Times во четвртокот изјави дека за време на мандатот на Папуљас како министер за надворешни работи, тој летал директно дома во Јанина по важните работи надвор од земјата за да ги информира локалните новинари. Невообичаената практика била начин да се покаже важноста на провинциските медиуми.

„Тој е многу во допир со обичниот народ; секојпат кога ќе го посети езерото застанува да разговара со рибарите, од кои многумина ги знае уште од детството“, додаде Кирузис.

Новинарот вели дека луѓето во Јанина и Епирус веруваат дека Папуљас ја издигна функцијата претседател „подигнувајќи ги стандардите уште повисоко ... преку неговото севкупно остварување во претставувањето на државата во странство“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар