Големата поделба: Бан понуди охрабрување за Кипар, но не и решение

04/02/2010

Посетата на генералниот секретар на ОН предизвика протести и не донесе пробив во тромите разговори за повторно обединување на Кипар.

Од Барис Јилмаз за Southeast European Times -- 04/02/10

photo

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ја посети турската област на Никозија, на пограничниот премин од улицата Ледра. [Getty Images]

Посетата на генералниот секрета на ОН Бан Ки-мун на поделениот остров Кипар заврши во средата (3-ти февруари), со повик до водачите на кипарските Турци и кипарските Грци за забрзување на нивните мировни разговори.

Посетата, на крајот, беше нешто повеќе од симболична, предизвикувајќи бојкот од страна на кипарските Грци на приемот за Бан. Демонстрантите беа вознемирени бидејќи тој го посети седиштето на турската управа на север.

„Нашите разлики остануваат“, рече водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, по тридневната посета.

Бан додаде: „Никој нема илузија [дека кипарскиот проблем може лесно да се реши]. Мировните преговори никогаш не се лесни. Но, созреано е времето да се оди напред. Ова е процес кој е од народот во Кипар, и за народот во Кипар.“

Кипар е поделен по границите на своето грчко и турско население од 1964 година. Талат и неговиот колега од кипарските Грци -- претседателот Димитрис Христофиас -- остваруваат директни разговори за надминување на разликите, уште од септември 2008 година. Голем број нерешени прашања и понатаму го оптоваруваат процесот.

Во заедничка изјава, Талат и Христофиас ја подвлекоа заедничката решеност да постигнат решение, велејќи: „Во текот на изминатите три недели, работевме ... главно на Поглавјето за управувањето и поделбата на власта и постигнување важен напредок“.

Притисокот за постигнување пробив е сé поголем, со престојните претседателски избори на кипарските Турци во април. Противкандидат на Талат му е сé попопуларниот Дервиш Ероглу. Ако Ероглу победи, набљудувачите стравуваат дека процесот на повторно обединување може да биде нарушен. Ако се случи тоа, турскиот процес во ЕУ ќе претрпи сериозна штета.

Со оглед на тоа што администрацијата на кипарските Грци е веќе членка на ЕУ, скептиците веруваат дека грчката страна ги користи разговорите за да изнуди отстапки од страна на Турција, во замена за поддршка на кандидатурата на Анкара за ЕУ.

И покрај личниот ангажман на Бан и ветувањето за напредок -- секоја страна вели дека е поблизу до решение сега отколку кога почнаа, макар што нема ништо што може да го покаже тоа -- посетата на водачот на ОН предизвика бран протести од страна на Кипарците.

Бан се состана со Талат во неговата претседателска канцеларија во северниот дел на кипарските Турци. Местото на посетата предизвика протести од страна на политичките водачи на кипарските Грци, при што и владата изрази незадоволство.

Четирите политички партии на кипарските Грци изразија лутина и го бојкотираа приемот за Бан во хотелот Ледра Палас. Овој потег беше осуден од страна на новинарите како „непотребно искажување слаба верба, кое го доведе во прашање уверувањето на Бан дека ’сега е време за кипарско решение‘,“ објави Сајпрус-Маи.

Поврзани написи

Loading

Турскиот колумнист Јусуф Канли истакна дека бојкотот е причина за песимизам.

„Токму овој менталитет на раководството на кипарските Грци и политичката елита го спречува решението за островот во изминатите 45 години“, напиша Канли во Хуријет дејли њус.

Либералниот академик и колумнист Менсур Акгун, кој долго време го критикува недостатокот на подготвеност од страна на Турција да работи за решение на Кипар, не гледа шанси сега.

„Не треба да се залажуваме себеси. Нема никаков [знак] за напредок во кипарските мировни разговори“, напиша тој во либералниот весник Реферанс. „Сé додека кипарските Грци веруваат дека го киднапирале напредокот на Турција во ЕУ, невозможно е да се постигне праведно решение во Кипар.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар